1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Враќањето на Хилари

По поразот во Ајова против Барак Обама, шансите за победа на Хилари Клинтон на претседателските предизбори кај демократите во Њу Хемпшир беа лоши. Таа се погрижи за изненадување.

default

Хилари со сопругот Бил и керката Челзи во Њу Хемпшир

Со видливо олеснување и очигледно со ново добиена сила, Хилари Клинтон во обраќањето до приврзениците: „Оваа изборна битка ќе ја промени Америка, зашто ние ќе се подготвиме за предизвиците и ќе ги искористиме можностите. Секој поединечен ден не одам сама, туку придружувана од милиони и милиони луѓе кои подеднакво како и јас веруваат дека за оваа земја вреди да се бори„. За Барак Обама и ова второ место со освоени 37 насто зад Клинтон која доби 39 проценти гласови, е успех. Токму затоа, како што изјави, тој е подготвен за натамошна битка за да се надмине поделбата на земјата: „Се случува нешто кога луѓето не гласаат за својата партија, туку за задничките надежи. Зашто, сеедно дали сме богати или сиромашни, црни или бели, латиноси или азијци, од Ајова или Њу Хемпшир, од Невада или Јужна Каролина - ние сме подготвени да ја водиме оваа земја во сосема нова насока. Тоа е она што токму се случува во Америка. Овде се случува пресврт„. Барак Обама својата победа од Ајова не можеше да ја повтори од две причини: жените овојпат се определија за Хилари Клинтон, а независните гласачи отидоа кај републиканците и гласаа за Џон Меккејн. Оваа победа релативно рано беше јасна. Не беа избројани ниту 20 процети од гласовите, а телевизиите го прогласија 71-годишниот сенатор од Аризона за победник што веднаш беше прославено од неговите: „Мек се врати„! Во неговиот говор, Меккејн вети дека погрешната политика од минатото ќе ја врати на вистинскиот колосек: „Јас не отидов во Вашингтон за да ги застапувам своите инетереси. Отидов таму за да и служам на мојата земја. Токму тоа ќе го направам ако ја имам привилегијата да бидам избран за ваш претседател„. Меккејн труимфираше пред неговиот ривал Мит Ромни, кој сепак најави дека ќе ја продолжи битката. И Мајк Хакеби кој победи во Ајова, изрази задоволството од третото место во Њу Хемпшир. Погледите на сите кандидати сега се насочени кон другите сојузни држави во кои во јануари ќе се одржат предизбори: Мичиген, Невада, Јужна Каролина и Флорида. Потоа следува големиот вторник, 5 февруари кога ќе се одржат предизбори во 22 сојузни држави.