1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Враќањето на Франк Валтер Штајнмаер

Социјалдемократот Франк Валтер Штајнмаер по вторпат ќе го преземе раководењето со министерството за надворешни работи. Но, овојпат ќе му биде потешко да остави траен белег, покрај канцеларката „за надворешни работи“

Франк Валтер Штајнмајер се врати на старото работно место. Исто како и во периодот на големата коалиција меѓу ЦДУ и СПД од 2005. до 2009. година, повторно ќе ја предводи дипломатијата. Тоа, според 57 годишниот адвокат и политичар, е привилегија и чест.

Првото патување во странство го одведе во Франција, заедно со канцеларката Ангела Меркел, со која, наводно, добро соработуваа и за време на првиот мандат. Ретко воопшто имаа несогласувања, како на пример, кога Меркел го прими Далај Лама во нејзината канцеларија, чекор што Штајнамајер го сметаше за непотребна провокација кон Кина. Но, и покрај тоа што имаат искуство од заедничкото работење, Меркел и Штајнмајер ќе мораат одново да го разгледаат својот „модус операнди“.

Кога Меркел за првпат беше избрана за канцелар во 2005. година, таа имаше мало надворешно-политичко искуство, поради што еден колега и купи глобус кој си го чуваше на работното биро. За подобра ориентација. Осум години подоцна, таа е веќе и повеќе од искусна на меѓународната сцена. Кога станува збор за важните сегменти од надворешната политика, таа сака да го преземе раководството.

Кој е шефот?

Не е невообичаено канцеларот да го одбележува патот по кој треба да чекори

Berlin - Auswärtiges Amt

Зградата на германското МНР

шефот на дипломатијата. Но, недвосмислено е јасно дека функцијата министер за надворешни работи го загуби својот гламур. Тоа беше функција со голем престиж, а вообичаено со неа одеше и позицијата на вице- канцелар. Денес, министерството за надворешни работи се повеќе е сателит на канцеларскиот кабинет. Медиумите веќе проценија дека министерството ја загуби својата моќ, и дека стана париче за поткусурување во коалициските преговори.

За секој министер за надворешни работи, координатите се помалку или повеќе познати: од една страна интеграцијата во Европа и од друга, трансатлантското партнерство. Потврдените принципи на континуитет, кои и самиот Штајнмајер ги наведе во инаугуралниот говор. Но, притоа додаде дека едноставното повторување на познатото, нема да биде доволно за во иднина. Затоа, првиот дипломат би сакал да се отвори дискусија за идната ориентација на германската надворешна политика. Вовед за почеток на таа дискусија даде самиот Штајнмајер:

„Заканите и употребата на воена сила не можат да бидат лакмус тест за политичкиот кредибилитет на Германија во странство“. Штајнмајер го пофали и својот претходник Гидо Вестервеле поради одржувањето на „култура на воена воздржаност“.

Стратешки правци

Коалицискиот договор меѓу СПД и ЦДУ во делот на надворешната политика не донесе изненадувања. Се потенцираат Франција и Полска како важни соседи. Се нагласува улогата на САД како „клучни за слободата, безбедноста и напредокот на сите“. Како еден од најважните проекти за иднина се споменува договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД. Односите со Русија се проценуваат како „партнерство за модернизација за која и двете страни имаат различни гледишта“.

Amtsantritt im Auswärtigen Amt Frank-Walter Steinmeier

Штајнмајер и Гидо Вестервеле

Во Азија, клучни стратешки партнери се Кина и Индија со кои треба да се развива економската соработка. Во Африка, Берлин најавува дека ќе им помага на земјите самите да се справуваат со регионалните проблеми, а земјите од МАГРЕБ ќе можат да сметаат на германското партнерство „во трансформацијата“, особено онаму каде постои позитивен развој кон демократија и плурализам во општеството.

Севкупно, една лепеза надворешно политички мерки со кои, според владата, Германија се квалификува за местото постојана членка на Советот за безбедност на ОН. Дали и кога тоа место ќе го добие зависи пред сѐ од очекуваните реформи во Светската организација.

Германската надворешна политика и политиката на европска интеграција се голема шанса за СПД да се издвојат од Меркел, која беше предмет на критики поради нејзиниот тврд став кон финансиската криза на југот на континентот, како и поради менаџирањето на скандалот со прислушкувањето од страна на НСА. Останува да се види дали Штајнмајер ќе успее да им даде сопствен печат на клучните аспект од германската надворешна политика.