1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Враќањето на визите не е одговор за проблемите!

Во дискусијата во Бундестагот за враќање на визниот режим за Македонија и Србија, опозицијата и‘ порача на Владата: се претерува со бројот на азилантите, а укинувањето на либерализацијата - не е пат до обединета Европа!

Да се сочува либерализацијата на визниот режим за земјите од Балканот, да не се претерува со бројките за барателите на азил и да се работи за совладување на сиромаштијата во Југоисточна Европа - е дел од пораката која опозицијата и‘ ја упати на Владата на вчерашната (19 април) дискусија во Бундестагот. Дебатата која ја иницираше Сојузот 90-Зелени, беше своевиден одговор на повторните барања на првите луѓе на министерствата за внатрешни работи на сојузно и покраинско ниво (Баварија) за привремената суспензија на безвизниот режим за граѓаните на Македонија и Србија.
Марилуизе Бек (Сојуз 90-Зелени) призна дека можеби има „зимски преселби“ од Балканот, но тоа не е толку драматично за една држава како Германија.Според неа, со укинувањето на слободниот визен режим не се прави надворешната политика. Ваквата мерка би ги зголемила националистичките тенденции во државите, зашто и онака дискриминираните Роми ќе се сметаат одговорни за укинувањето на слободното патување. „Бидејќи Западот не ги сака Ромите, кон Западот нема да смеат да патуваат и оние кои не се Роми“, подвлече

Bundesverfassungsgericht Beteiligungsrechte des Bundestags

Опозицијата се спротивстави на можното укинување на визната либерализација за Македонија и Србија

Марилуизе Бек апелирајќи да се „прекине со хаосот, зашто безбедноста не се создава со укинување на визната либерализација“.
Според државниот секретар во сојузното МВР Оле Шредер (ЦДУ), безвизниот режим е вистински предизвик за земјите од регинот, но не смее да се злоупотребува за масовни барања за азил. Тој подвлече дека нема дискусија дека Владата се залага за доближување на Западниот Балкан кон Европа, „но не смее да има неконтролирани миграции кон ЕУ. Проблемите мора да се решат во државите, а не излезот од сиромаштијата да се бара преку азилот во Германија и Европа“. Шредер потсети за заштитната клаузула која ја иницираше Холандија, а ја поддржаа седум европски држави (меѓу кои и Германија) и побара да не се затвораат очите пред постоечкиот проблем.

Да не се реагира нервозно!

„Нашата определба е да не се вратат визите за Западниот Балкан. На луѓето треба да им се сочува европската перспектива. Состојбата со азилантите не смее да се драматизира, туку треба да се дискутира со аргументи.“, подвлече и Франц Тејкенс од СПД . Според него, нервозното реагирање на сојузниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих, скусувањето на процедурата за барање азил, брзото враќање на луѓето од каде што пристигнале и редуцирање на повластиците од правото за азил - не се вистинскиот одговор со кој ќе се решат проблемите, ниту вистинскиот пат за обединета Европа.

Franz Thönnes

Не смее да се драматизира состојбата со азилантите - Франц Тенес (СПД)


За Ханс Вернер Еренберг од ФДП, злоупотребата на визниот режим е проблем на администрацијата, а не на политиката.
„И доколку Брисел сака на одредено време да го суспендира слободниот визен режим, тогаш сум сигурен дека владата ќе се заложи тоа да биде само краткорочно и само при одредени критериуми. Враќањето на визите за Западниот Балкан би била остра реакција, која не би ја решила суштината на проблемот. Државите од Западниот Балкан треба самите да се погрижат да ги подобрат условите за живеење на нивните граѓани и тука мора да ги поддржиме“, порача Еренберг.

Ромите да се заштитат

Мемет Килиц од Сојузот 90-Зелени кажа дека визната либерализација за Западниот Балкан бил вистинскиот чекор кој ја потврди идејата за слободата, за проширувањето и обединувањето на Европа.
„Заканите за укинување на либерализацијата може да имаат фатални последици. Место да се подобрат условите за живот, ќе биде постигнато

Mazedonisch

На ниту еден македонски државјанин не му е одобрен азил во Германија

спротивното. Се претерува со бројките за азилантите и тоа е типично за Унијата. Ромите мора да се заштитат и за нив Германија сноси историска одговорност. Отворањето споменик за Ромите и Синти, жртви на националсоцијализмот и едновремено заканите за повторно воведување визи е срамота“ порача Килиц кој отворено побара од Владата да не го укинува слободниот визен режим за граѓаните на Македонија и Србија.
„Безвизен режим за сите и на сите нивоа“ - побара и Севим Дагделен од Паријата на Левицата.
Според податоците од сојузното МВР до кое дојде ДВ во 2011 биле поднесени 1.131 барање за азил од македонски државјани , а минатата 2012 година е регистриран пораст, од како што е наведено 31,9 проценти, односно 4.546 баратели на азил. Квотата на одобрен азил за македонските државјани е нула!