1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Врачени наградите „11 Октомври“

Во Македонската академија на науките и уметностите им беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело за 2012 година на петмина истакнати личности во различни области

default

Академик Владо Камбовски и професор Димитар Мирчев - во областа на науката, на писателот и професор Веле Смилевски и оперскиот уметник Борис Трајанов - во областа на културата и уметноста, и на кардиологот Самуел Садикарио - во областа на здравството, спортот и хуманоста се закитија со високото државно признание.

Наградите им ги врачи академик Георги Старделов, претседател на Одборот за доделување на високото признание за оваа година, кој истакна дека смислата на празниците е да се сеќаваме и да ги паметиме големите настани и личности.

Им посака на годинашните добитници - на нивното дело во науката, културата, здравството и хуманоста, да се сеќаваат и генерациите по 50 години, како што денеска се паметат првите добитници на наградата, во 1959, и нивниот придонес во развојот на општеството - Благој Попов, Блаже Конески, Ѓорѓи Филиповски, Ацо Шопов, Ташко Георгиевски, Славко Јаневски, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Петар Мазев, Данка Фирфова, Петре Прличко и Ванчо Чардарски.

Пред присутните во МАНУ, меѓу кои беа и претседателот на државата Ѓорге Иванов и архиепископот г.г. Стефан, Старделов укажа на нешто кое, цитирајќи го поетот Шопов, рече лично „го притиска и пече“.

„Ние, Македонците, зафатени од брзи промени не успеавме да создадеме некои трајни константи - и во светот, и во политичката и во културната историја на нашиот народ. Поради тоа ни се случуваат некои историски настани и, особено, некои историски личности, на еден или на друг начин да ги релативизираме. За тоа, ми се чини, во последното столетие доказ е судбината на двајцата најголеми корифеи на македонската култура - Мисирков и Конески“, рече Старделов.

Да се слават интелигенцијата и интелектуалците

Во име на петтемина годинашни добитници на државната награда се заблагодари проф. д-р Самуел Садикарио, интернист и ендокринолог. Предложи овој ден, на кој се празнува јунаштвото, револуцијата и надежта во

Georgi Stardelov, Präsident der Mazedonischen Akademie für Wissenschaft und Kunst

Академик Георги Старделов

подобри нешта, во иднина да ги слави интелектуалците и интелигенцијата која, рече тој, е најголемата сила што ги урнала фашизмот, болшевизмот, маоизмот, пиночеизмот...

Академик Камбовски изјави за медиумите дека наградата ја смета за големо признание и ја цени како важна симболика на голем датум од современата македонска историја.

„Тој е поврзан со предвечерието на македонската држава, поврзан со Илинден, така што вториот Илинден, 1944, ги оствари идеалите на првиот Илинден. Третиот Илинден, 1991 година, ги оствари сите идеали наназад сто години за создавање на македонска држава, како рамка во која слободно ќе се развиваат сите подрачја на човековото творештво, рече Камбовски.

Писателот и универзитетски професор Веле Смилевски истакна дека наградата ја прима како сатисфакција за се што создавал во изминатите 40 години.

„Таа конкретно се однесува на мојот поетски опус, но, да бидам искрен, ова признание го примам како награда за се она што го создавав - и во поезијата, и во книжевната наука, во критиката и есеистиката, и како универзитетски професор. Сето тоа е комплекс на активности кои ме исполнуваа во изминатиот период, изјави проф. Смилевски.