1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Врачена Нобеловата награда за мир

Уверлив оптимизам на една млада Арапка и мудри зборови на две Африканки - трите добитнички му дадоа на овогодишното доделување на Нобеловата награда за мир особена атмосфера.

default

Трите добитнички на Нобеловата награда за мир

„Нема да зажалите никогаш што нам ни‘ ја доделивте Нобеловата награда за мир“, рече намсеаната, убава и полна со самодоверба Јеменка, Тавакул Карман, на денешното (10.12) доделување на Нобеловата награда за мир и со тоа и‘ даде тон на свеченоста во Осло. Првпат од кога почна доделувањето во 1901 година, на столчињата на добитниците, инаку резервирани за мажи во темни костуми, седеа три жени.

Денеска доминираа фустаните во весели бои на Либеријките Елен Џонсон-Сирлиф и Лејма Гбове и шарената шамија на младата Арапка. Но, многу поважно е што одамна не се слушнати толку оптимистички тонови, како изјавите на Карман, борец против бруталната диктатура на Али Абдул Салех.

Nobelpreisträgerinnen

„Гледам крај на една ужасна, темна историја, која им донесе на многу народи хорор, трагедии, уништување и несреќа“, изјави во Осло младата жена. Таа со одушевување зборуваше за „револуцијата на младите“ во нејзината земја и притоа пренесе веродостојност и надеж.

Членовите на Нобеловиот комитет, при својата одлука годинава за добитничките од Либерија, свесно се одлучија за мешавина на етаблирана политичарка и активистка во базата. Претседателката на земјата Џонсон-Сирлиф се бори на преговарачките маси против хоророт на граѓанската војна со систематски силувања. Втората добитничка, Гбове, наградата ја добива пред се‘ за својата активност „на улица“.

Автор: Томас Борхет / ЕМФ

Редактор: Б. Георгиевски