Вратен оптимизмот кај граѓаните на Македонија | Македонија | DW | 29.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вратен оптимизмот кај граѓаните на Македонија

Македонскиот претседастел Бранко Црвенковски најде пофални зборови за владата на Никола Груевски.

default

Во Берово се сретнаа претседателот и премиерот на Македонија

Отварањето ново училиште во Берово на југот од Македонија, за првпат меѓу граѓаните, ги собра и претседателот и премиерот на Македонија. Нивното ракување беше проследено со аплауз од тамошните жители. Потоа беше очигледен обидот на претседателот Бранко Црвенковски да го стесни очигледниот јаз на нетрпеливост и отсуство на кохабитација со премиерот Никола Груевски. Иако стравува од популизмот во некои економски мерки на владата, шефот на државатат сепак е задоволен што е вратен оптимизот меѓу луѓето една година откако Никола Груевски е на чело на владата „Сакам да и честитам на Владата, што успеа во оваа година да го пробуди повторно оптимизмот кај нашите граѓани. Исто така ја поздравувам и нивната решеност, можеби не и начинот на кој тоа го правата, но нивната решеност да ја зајакнат борбата против криминалот и корупццијата.“

Црвенковски не прпушти да ја критикува владата поради напшуштањето на европската агенда на приоритетите „Судските реформи кои се едни од клучните критериуми се целосно блокирани.“

Владата се обидува да ги деблокира судските реформи за што прв реален тест ќе биде законот за државен обвинител, за што нема согласност од опозицијата, а владејачката ВМРО ДПМНЕ е упорна во одбрната на својот концепт „Ќе упатиме повик до четирите политички партии кои претходно разговараа на оваа тема, со цел да продолжат разговорите и да се најде некое решение.“ навестува вицепремиерот Зоран Стравревски.

И опозицијата бара нова лидерска средба околу судските приоритети. Речиси истоврмено со изјавите на македонските политичари беше пласирана и нова, но песимистичка Бриселска формула. Според која, по самитот во Рига Хрватска би влегла во НАТО, а Македонија и Албанија поради можна косовска криза ќе чекаат нови една до две години во предворјето на Алијансата. За оваа така наречена форумла еден плус два од Јаднранската тројка, со приоритет за прием само на Хрватска во НАТО, телевизијата А1 се повика на високи бриселски дипломати.