1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Вратата на ЕУ за Украина сѐ уште е отворена

На самитот на ЕУ во Брисел се чувствува незадоволство поради постојано новите барања од Украина за договор со западот. Договорот за асоцијација меѓутоа сѐ уште е на маса.

„Тоа не е прашање на пари, Договорот за асоцијација е избор на вредности“ - финскиот премиер Јирк Катаинен како да зборуваше од срцата на многумина. „Ние не сме трговци со теписи“, забележа неговиот колега од Луксембург Ксавиер Бетел. На средбата на шефовите на држави или влади во Брисел на виделина излезе критиката за повторните барања од Украина за опсежна финансиска помош.

Генералната линија на ЕУ треба да остане, на Украинците да им се остави отворен патот за партнерство. Претседателката на Литванија, Далиа Грубаискаите, која во моментов претседава со Советот притоа нагласи: „Европа е отворена за украинскиот народ. Но, не безусловно за оваа влада. Тоа е пораката.“ Луѓето во земјата мораат сами да одлучуваат за својата иднина. Исто така и канцеларката Ангела Меркел во нејзината неодамнашна владина изјави рече дека Договорот за асоцијација останува на маса.

На вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел уште еднаш се зборуваше за францускиот воен ангажман во Централноафриканската Република. Французите повторно наидоа на малку разбирање да добијат финансиска поддршка од ЕУ партнерите.

На дневен ред беа и заедничката политика за бегалците како и почетокот на пристапните преговори со Србија.