Вранишковски не е виновен за финансиски малверзации | Македонија | DW | 03.04.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вранишковски не е виновен за финансиски малверзации

Ослободителна пресуда за екс владиката Јован изрече утрово Велешкиот суд.Тој оцени дека нема кривично дело во судскиот процес за финансиски малверзации со парите на МПЦ.

МПЦ не е оштетена за 300 илјади евра,гласи пресудата

МПЦ не е оштетена за 300 илјади евра,гласи пресудата

Вранишковски очекуваше ваква пресуда,тврдеше деке е невин:

-Според мене,и според мојот адвокат,нема ниту една можност да бидам обвинет за тоа дело за кое сум обвинет,тоа е дело затајување.Веројатно сакале да ме обвинат за злоупотреба на службена положба или некое друго кривично дело, за кое не можам да одговарам,зашто не сеум службено лице,но затајување или просто речено кражба,не постои во доказите што ги принесе обвинителството,рече екс владиката уште пред да ја слушне пресудата.

Сведокот на Обвинителството,свештеникот на МПЦ,Стојко Ристовекси,минатата недела кога на суд беа изречени завршните зборови,изјави:

-Ние располагаме,барем јас,за делот на епархијата Повардарска,до детал колку точно тој ненаменски има злоупотребено,а за другите две епархии,вештото лице и судот ќе процента.Откако ќе биде донесена одлуката се надеваме дека ќе биде задоволена правдата кон МПЦ.

Денешната ослободителна пресуда за Јован сепак не го ослободува сосема.Апелациониот суд минатата недела ја потврди одлуката на судот според која тој е проглаен за виновен,бидејќи не пријавил донација на МПЦ,дело за кое треба да одлежи една година затвор.

Пред еден месец тој излезе на слобода.Во затвор мина осум месеци поради предизвикување верска омраза и нетрпеливост,призна дека неговата нерегистрирана црква во Македониај се финансира од српската влада и од други држави.Тоа ги разбранува влаидците на МПЦ,но и политичките кригови во Скопје.Вранишковски го обвини македонскиот државен врв дека му ги монтира судските процеси и води хајка против него.Случајот Вранишковски повеќепати ги заладуваше македонско српските односи.Според некои медиуми,дури ја доведе во прашање претстојната посета на Белград на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.Ја испровоцира и меѓународната заедница-Брисел повика на засилена меѓурелигиска толеранција и почитување на слободата на вероисповест.