1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вранишковски за ДВ: “Црквата е отворена за чии било донации“

“Им благодарам на сите што ја финансираат Охридската архиепископија. Во тоа нема ништо спорно“, вели за Дојче Веле Јован Вранишковски, во неговото прво огласување во јавноста по излегувањето од затвор. Тој признава дека неговата црква не добива пари само од Србија, туку и од Грција и од други земји.

default

“Мислам дека не може да има ништо спорно во тоа, затоа што црквата е отворена за чии било донации, не само од верниците кои доаѓаат редовно во црквата, туку и од институции, добротворни установи, фондови, па дури и од власти“, вели за Дојче Веле, Јован Вранишковски.

Дали за Охридската архиепископија стигнуваат средства и од Грција и од други држави? Вранишковски одговара:

“Стигнуваат од повеќе места. Од повеќе места стигнуваат. “

Македонските власти ќе упатат нота до официјален Белград дека со финансирањето на непризнатата црква, Србија се меша во внатрешните работи на Македонија. И Македонската православна црква остро протестираше кога го објави документот што покажува дека Јован добива пари од српската влада. Секретарот на Синодот, Ратомир Гроздановски праша:

“Зарем ова не е директно мешање во интересите на нашата држава и црква? Зарем ова не е инволвирање во туѓа земја и дејствување против нејзиниот интегритет и суверенитет? Зарем не помина времето на плаќање пропаганди во туѓи земји? Зарем ова не значи посегање на Србија кон Македонија и нови појавувања на великосрпскиот империјализам? “

Ставот на МПЦ е дека Вранишковски, застапувајќи ги интересите на други држави, работи на разнебитување на македонскиот народ, држава и црква. Тој го негира тоа:

“Не разбирам како, зашто тие тоа многу лесно го кажуваат без да предочат на што мислат. Како да се разнебити, на кој начин да се разнебити, или што ние досега направивме, па го разнебитивме народот? Како може да се разнебити еден народ? “

На сугестијата дека разнебитувањето може да се случи преку негирање на МПЦ, на пример, Вранишковски вели:

“Јас не ја негирам МПЦ, туку велам дека таа е шизматичка. Природно не можеш да негираш нешто што го гледаш. Тука се тие – и Стефан, и третиот и петтиот. Тие во природните начини постојат, но не постојат во црковното подрачје, односно се схизма-раскол.„

И покрај тоа што ја предводи Охридската архиепископија, која е во духовно единство со СПЦ, Вранишковски тврди дека се чувствува како Македонец. Тој не прецизира колку приврзаници има, ниту кој најмногу му помага:

“Тоа е многу непристојно прашање. Што да ви одговорам: Можам да кажам многу. Колку е тоа многу? Тоа е релативна ранбота. Тоа ништо не значи и не се фаќајте за прашање што во целата ситуација е најспоредно. Еве, многу стојат.“

Вранишковски се надева дека македонската држава со новиот закон ќе ја признае Охридската архиепископија.