1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вработените во „Опел“ се мобилизираат против „Џенерал моторс“

Германските политичари продолжуваат со критиките за одлуката „Џенерал моторс“, да не ја продава својата европска компанија-ќерка „Опел“. Денеска ќе се одржат и големи демонстрации на вработените во „Опел Германија“.

default

По едногодишно натегање околу продажбата на „Опел“ , изнанадувачкото повлекување на „Џенерал моторс“ од намерите да го продаде својот европски сегмент, неизвесната партија покер за вработените тргнува од почеток. Тие се разлутени од одлуката на Управниот одбор на американската компанија да го задржи „Опел“ и самата да го санира. Притоа во „Џенерал моторс“ најавија дека за време на санацијата ќе укинат десет илјади од вкупно 50.000 работни места во Европа. Заменикот шеф на компанијата Џон Смит порача дека со тоа планот на „ЏМ“ речиси и да не се разликува од намерите на концернот „Магна“, кој требаше да го купи „Опел“.

Целосно неприфатлива одлука

Opel bleibt bei General Motors

„Опел“ останува во „ЏМ“

Ваквите пораки меѓутоа не го ублажија незадоволството кај вработените и за денеска (05.11.09) се најавени големи протести во сите четири фабрики на „Опел“ во Германија. Претседателот на заедничкиот работнички совет Клаус Франц порача: „Сите ветувања кои и ги дадовме на ’Магна’ сега ги ревидиравме спрема ’Џенерал моторс’.“

Не стивнуваат ниту реакциите на германските власти и политичари, кои вложија многу напори за успех на проектот за продажба на „Опел“. Министерот за економија, Рајнер Бридерле истакна дека одлуката на „Џенерал моторс“ е целосно неприфатлива. И Роланд Кох премиер на покраината Хесен каде што се наоѓа една од фабриките на „Опел“ упати жестоки критики за одлуката на „Џенерал моторс“: „Признавам дека тешко можам да ја сфатам оваа одлука и оти јас лично сум погоден и налутен од оваа одлука. ’Џенерал моторс’ со тоа втурнува многу делови од претпријатието а особено вработените во нова длабока несигурност“, истакна Кох.

Грдото лице на турбо-капитализмот

Јирген Ритгерс премиерот на Северна Рајна Вествалија, пак порача дека и натаму ќе се бори за „Опел“ и фабриката во градот Бохум. Според него однесувањето на „ЏМ“ го покажува „грдото лице на турбо-капитализмот“. Слична критика упати и шефот на пратеничката група на опозициската Социјал-демократска партија, Франк Валтер Штајнмаер: „Одлуката на ’Џенерал моторс’ е страшна како во суштина така и во однос на терминот. Сметам дека на таков начин не смее да се однесува со судбината на луѓето, и оти на таков начин не смее да се однесува со иднината на работните места во Германија“ .

Автор:СН/ЖА/дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM