1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во 2013. забележан помал дефицит

Македонија во 2013. година остварила трговски дефицит од 2,33 милијарди долари, што е намалување во однос на претходната година, кога дефицитот надминал 2,5 милијарди долари.

Ваквата состојба, според податоците на Државниот завод за статистика се должи на порастот на извозот од 4,0 милијарди долари во 2012 година, на 4,26 милијарди долари во 2013 година.

Минимален пораст бележи и увозот на 6,59 од 6,51 милијарди долари во претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-декември 2013 година изнесува 64,7 отсто, додека во истиот период од 2012 година изнесувала 61,5 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.

Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија, со кои остварува половина од вкупниот промет.