1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во 2011 Гете институтот полни 60 години

Германскиот „Гете институт“ е активен ширум светот и го поттикнува изучувањето на германскиот јазик. Тој ја негува и меѓународната културна соработка и презентира сеопфатна слика за Германија и го јакне нејзиниот углед.

default

Логото на Гете институтот

На 9 август 2011 година, Гете Институтот ќе наполни 60 години. Јубилејот треба да се прослави со голема свеченост и со отворањето на 150-то претставништво на Институтот во главниот град на Кипар, Никозија. Тоа ќе има симболично значење за Европа, зашто претставништвото ќе се наоѓа директно на линијата на демаркација меѓу грчкиот и турскиот дел на поделениот град:

„Со тоа конечно ќе можеме повторно да работиме на Кипар, како на северот, така и на југот. Учениците можат да доаѓаат од двете страни на островот. И со тоа сметам дека направивме нешто што е добро и за Европа“, вели претседателот на институтот Клаус Дитер Леман.

Активно посредување во меѓусебната комуникација во Источна Европа

Одговорноста за европскиот културен простор беше причината и поради која „Гете институтот“ решително ја градеше својата мрежа во Источна Европа и поранешниот Советски сојуз по Падот на Берлинскиот Ѕид.

Symbolbild Goethe Institut Deutsch lernen im Irak

Гете институтот е присутен и во кризни подрачја како на пример Ирак

Во 1992 година имаше 13 претставништва во регионот, а сега има 27 Гете институти и 350 партнерски институции.

Источна Европа сега се наоѓа пред нови задачи. Ако некогаш тоа беше културната комуникација со Западот, сега во преден план е меѓусебната комуникација на овие земји. Гете Институтот активно ќе посредува и во оваа задача:

„Ннаредната година овој регион на пример ќе се посвети на темата митови, национални митови и нивните честопати многу неповолни последици“, вели Ханс Георг Кноп, генерален секретар на Институтот.

Следење на преобразбата на општествата

Значи, на динамичниот општествено-политички развој „Гете институтот“ реагира со соодветни нови понуди - и тоа во целиот свет. Еден пример за тоа е организацијата на „Годината на Германија“ во Кина. Слични манифестации Институтот планира и во Индија, Кина и Бразил. Тие помагаат за продлабочување на односите на Германија со овие земји во економски подем, и тоа пред се’ на културен план.

Präsident Goethe Institut Klaus Dieter Lehmann

Претседателот на Гете Институтот, Клаус Дитер Леман

„Нормално дека во земјите со ваква брзина на развојот се случува и промена на општеството. Гете институтот сака да биде таму за да види како се менуваат општествата? Тоа е област која многу не’ интересира и која се случува токму во овие земји“, истакнува првиот човек на Институтот, Клаус Дитер Леман.

„Гете институтот“ е активен на многу места ширум светот и тоа за различни целни категории како уметници, писатели, научници или новинари. Но, секогаш со единствена цел - да се поттикнува размената и да се втемелуваат проекти на локалните сцени.

Автор: Аја Бах / Симе Недевски

Редактор: Горан Чутаноски