1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Њујорк средба Попоски-Венизелос

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, потврдија за МИА во македонското МНР.

default

Средбата е закажана во 12 часот по њујоршко време, а се одржува на маргините на 68-то Генерално собрание на ОН. Тоа ќе биде втора средба на Попоски и Венизелос. Првата беше одржана на 22 јули во Брисел. Централна тема на состанокот во Њујорк се очекува да биде спорот за името. Венизелос пред неколку дена по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки- мун изјави дека Атина инсистира на својата позиција за име со географска одредница за севкупна употреба, што би подразбирало и промена на Уставот на Република Македонија. Попоски, пак, му реплицира дека е уникатност да се перцепираш како лулка на демократијата, а истовремено да бараш Устав на една земја да се дефинира не од нејзиниот народ, туку од Влада на друга држава. На вчерашната дебата за владеењето на правото одржана во рамките на Генералното собрание на ОН Попоски забележа и на неспроведувањето на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во врска со грчкото кршење на билатералната Времена спогодба. Министерот за надворешни работи Никола Попоски доцна синоќа по македонско време имаше средба и со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.