1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Њујорк нови разговори за спорот за името

Во Њујорк денеска (09.04) се одржува средба на посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц и претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Претходно беа одржани одделните средби на Нимиц со Јолевски, како и со грчкиот дипломат Василакис. По консултациите со властите во Македонија и во Грција, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, ќе се одржи и заедничката средба на тројцата учесници во разговорите, по што е предвидено обраќање на Нимиц за претставниците на медиумите.

При закажувањето на оваа рунда средби, Обединетите нации најавија дека нивна цел е да се продолжат разговорите за да се изнајде заемно прифатливо решение за прашањето за ‘името’.

Последната рунда разговори се одржа на 29 и 30 јануари кога двете страни изразија подготвеност за брза нова средба.