1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во Њујорк на шопинг

Со силното евро и празен куфер доаѓаат бројни туристи од Германија. Сеедно дали станува збор за дизајнерска облека или најнови електронски играчки: понудата е огромна a цените според актуелниот тренд се супер поволни.

default

Њујорк, магнет за Европејците со повеќе пари

Во стаклената коцка на продавницата на Епл во Централ парк човек не може да се размине, во мега шопинг центарот Мејси на 34-та улица, можат да се чујат речиси сите дијалекти од Германија, а на луксузната 5-та авенија викенд- купувачите од старата Европа ги влечат со себе тешките шопинг ќесиња кон хотелот со ефтина цена.

„Само што си купив три пара пантолони, супер ефтини. Сите три намалени на 30 долари. Пресметано во евра тоа е навистина голем попуст, тоа е ништо “

Силното евро ги намали цените

Веројатно малку повеќе од ништо, но затоа многу помалку отколку во минатата или предминатата година . 22 проценти од вредноста , имено изгуби доларот во однос на еврото од 2006-та година наваму, а ако се погледне до 2001-ва тогаш односот е преполовен. И тоа е доволно за да се поттикне потрошувачка треска за која германските ттрговци можат само да сонуваат: „Бидејќи еврото е толку јако а доларот толку слаб, дојдов тука за викенд со празен куфер и планирам само да купувам , да купувам да купувам... “

Рекорден број туристички посети

Куповната моќ на еврото не ја користат само Германцит. Њујорк годинава ќе забележи нов рекорд во туристички посети, кој ќе биде за повеќе од сто илјади поголем од досегашниот апсолутен рекорд постигнат во минатата година од 3, 12 милиони посетители.

Но сите Њујорчани не гледаат на ова без љубомора:

„Јас не можам да си дозволам да патувам до Италија, само за да си купам една торба од Прада а тие доаѓаат тука и купуваат во истовреме по три“ се жали сопственичка на бутик

Во основа меѓутоа никој во татковината на капитализмот не може да има нешто против овој шопинг-туризам . Тој носи не само пари во градот туку и симпатии од посетителите, кои да не беше високиот курс на еврото веројатно никогаш не би дошле во Њујорк:

„Тоа едноставно е град во кој човек може да прави шопинг. Луѓето се неверојатно пријателски расположени, времето е извонредно . беше многу забавно и јас бев многу успешна во купувањето и многу задоволна“.

Ова задоволство не е еднонасочна улица. Имено 70 насто од прометот на еден бутик во Вест Вилиџ го прават странци. И рестораните во пешачките шопинг зони во Њујорк бележат раст во прометот од 20 до 30 проценти.

„ Многу е привлечно , зашто навистина е многу поефтино отколку во Европа во моментов. Но тогаш мора да се биде претпазлив кога си помислуваш: ах, да си земам уште нешто, и уште нешто...“

Царински надмудрувања

И тогаш парите се на крај порано од крајот на транс-атлантската шопинг тура. И чисто законски погледнато американските царински службеници изнесувањето на производи над некоја определена вредност би можеле да го сметаат за извоз . Но луѓето во шопинг-треска секогаш наоѓаат решение:

„Тогаш ќе ја искинам етикетата и ќе пројдам и никој нема да забележи“.

Сепак има граници. Како кај царината така и при дозволената тежина на багажот во прекуокеанскиот лет. По правило дозволени се две парчиња багаж со по максимално 23 килограми. И доколку не е така, ефтиното шопинг патување би можело да излезе далеку поскапо.