1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во јуни распуштање на српските паралелни структури на Косово

Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи изјави дека во јуни ќе бидат распуштени сите српски паралелни структури на северот на Косово, пишува денеска (24.04) „Коха Диторе“.

„Се очекува службениците во тие структури да најдат место во државниот систем на Косово“, вели Кучи за весникот. Говорејќи за примената на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Кучи додава дека распуштањето на паралелните структури е прв чекор и дека илегалните структури на правосудството ќе се интегрираат во правосудниот систем на Косово.

„Секако дека распуштањето на илегалните полициски структури е прв чекор, а потоа се предвидени подготовки за избори“, нагласува Кучи.

Тој додаде дека Владата на Косово има намера да ја реализира бриселската спогодба во рок од 90 дена. Таа беше потпишана на 19 април, за што обете страни вчера формираа тимови за примена на договореното.