1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во јули зголемен бројот на невработени во Германија

4 милиони 360 илјади работоспособни во Германија беа без работа во минатиот месец. Тоа значи 126 илјади повеќе отколку во јуни и 7 илјади повеќе отколку во ланскиот јули. Стапката на невработениост изнесува 10,5 проценти, при што во западниот дел таа е 8,4 насто, додека на истокот дури 18,5. Шефот на Сојузната агенција за вработување Франк-Јирген Визе објасни: “Заживувањето на конјунктурата во Германија продолжува – тоа е неспорно за сите. Но, ова се‘ уште не се рефлектира на пазарот на работна сила. Актуелниот пораст не невработеноста е сезонски вообичаен. Но, и прочистено од сезонското влијание, бројот на невработените повторно се зголеми за 11 илјади”.

И покрај сите позитивни очекувања на стопанството, и натаму продолжува трендот повеќе работни места да се укинуваат, отколку да се создаваат. За само една година се укинати повеќе од половина милион работни места. Тоа треба да го компензира зголемено осамостојување со формирање приватни фирми, а расте и бројот на мини-работни места откако е воведена новата регулатива. Проценката за повисока стапка на пораст од првобитно прогнозираната, според експертите, ако не донесе нови, барем ќе го запре натамошното укинување на постоечките работни места.