1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во јануари дијалог за визна либерализација за Косово

Европската комисија кон крајот од јануари 2012-та ќе отвори преговори со Косово за укинување на визите, дознава Дојче веле од Европската комисија. Вчера за ова комесарката Малмстром го известила министерот Реџепи.

default

Комесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром му предлага на министерот за внатрешни работи Бајрам Реџепи да го посети Косово на 19-ти и 20-ти јануари, за да започне дијалогот за укинување на визите, дознава Дојче веле. Комисијата забележува дека Косово годинава направило значителни напори во областа на реинтеграцијата и реадмисијата. Сепак, потребни се дополнителни напори и сите забелешки ќе бидат нотирани во рамката на дијалогот за визната либерализација.

За одлуката да почне дијалогот со Косово било расправано на министерскиот состанок на европско ниво на 13 декември. Комисијата од секогаш му поставуваше услов на Косово за почетокот на преговорите за визната либерализација – да покаже значителен прогрес во реадмисијата и реинтеграцијата на бегалците.

Европската комисија забележува напредок во Косово

Европската комисија забележува дека Косово организирало обуки за службениците кои работат на реинтеграцијата на бегалците, како и дека во план е специјална обука за вработените на аеродромите. Институциите поставиле информатички систем кој овозможува пристап до сите информации.

Властите годинава потрошиле 350 000 евра од Фондот за реинтеграција, кој изнесува 3,48 милиони евра, а косовсkата влада ја информирала Комисијата дека следната година планира да вложи уште 3,5 милиони евра во тој фонд.

Комисијата нотира и дека Косово работи со меѓународните организации, како УНИЦЕФ, УНДП и Меѓународната организација за миграција, на подобрувањето на пристапот до вработување и образование, посебно за Ромите, Ашкалите или Египќаните.

Pristina Kosovo

Што е уште поважно, Комисијата забележува дека свеста за реинтеграција останува широко распространета и на централно и на општинско ниво. Премиерот Хашим Тачи и министерката за европски интеграции Влора Читаку имале средби со градоначалниците и општинската администрација за да им укажат на важната улога што ја имаат во реинтеграцијата на бегалците, забележува Европската комисија.

Инспекциски тимови на терен

За да се добие пореална слика од терен, пред да ја донесе одлуката за разговори за визната либерализација, Европската комисија испратила инспекциски тимови во Косово на крајот од ноември и почетокот од декември. Експертите доставиле информација дека Косово постигнало голем напредок во набројаните области.

Одлуката за почнување дијалог со Косово за визната либерализација доаѓа во време кога ЕУ ги заостри механизмите за повторно воведување на визите, со предлогот наместо европските лидери, министрите за внатрешни работи да можат да донесат одлука за повторно воведување на визите, доколку продолжат злоупотребите на визната либерализација и не запре бранот баратели на азил од Западниот Балкан.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска