1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Шпанија уапсени членови на Ал Каеда

Полицијата во Шпанија уапсила тројца осомничени припадници на терористичката мрежа, кои поседувале експлозив и се верува оти планирале напади во земјата или на друго место во Европа.

Шпанската полиција уапси тројца осомничени членови на Ал Каеда во јужната провинција Андалузија, потврди министерот за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас.

„Ова е една од најголемите истраги спроведени досега против терористичката група Ал Каеда на меѓународно ниво“, изјави Фернандес Диас на пресконференцијата во Мадрид.

„Постојат јазни индикации дека уапсените лица планирале напад во Шпанија или во Европа“, додаде министерот.

Од полицијата информираат дека осомничени се двајца Чеченци и еден Турчин, кај кои во посед се најдени експлозиви и отров. Количествата на пронајдениот експлозив биле доволни да биде разнесен еден автобус.

AP Images Best of the Decade Terroranschlag Madrid

Нападите врз системот за јавен превоз во Мадрид на 11. март 2004. година

Експлозивот бил пронајден во стан во градот Ла Линеа де Консепсион во Андалузија, кој го изнајмувале тројцата осомничени. Еден од нив бил уапсен во самиот стан додека останатите двајца биле уапсени во градот Сиудад Реал во цантрачна Шпанија и се верува дека се упатиле кон Франција, соопшти министерот за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас.

Во серија терористички напади на системот за јавен превоз во Мадрид на 11. март 2004. година, кои се припишуваат на Ал Каеда, загинаа 191 лице.