1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во чест на режисерките од Балканот

Во германскиот град Келн се одржува петтиот меѓународен женски филмски фестивал. Во неговиот фокус се режисерките од Балканот, што е поттик за жените во регионот многу позасилено да се вклучат во создавањето филмови.

default

Меѓународниот женски филмски фестивал во Келн беше отворен во средата (14.04.2010) со филмот „На пат“ од босанската режисерка Јасмила Жбаниќ. Организаторите го избраа овој филм токму поради режисерката но и приказната за животот на една жена, објаснува една од директорките на фестивалот Бети Шил. „Јасмила Жбаниќ едноставно е извонредна режисерка не само во регионот на Балканот туку и во целиот свет. А се разбира тема на филмот е една жена, млада жена која доживува како нејзиното момче се радикализира. Се’ ова заедно одговара на нашиот фестивал“.

Промена на повидок

Балканот оваа година е во фокусот на фестивалот кој една година се одржува во Келн а една во Дортмунд, не само поради темите кои режисерките ги обработуваат во филмовите, туку и поради тоа што досега жените ретко се осудувале да станат режисерки, односно да работата во област со која секогаш владееле мажите.

Plakat Internationales Frauenfilmfestival Dortmund Köln 2010

Плакатот на фестивалот

„ Се обидовме да ги пронајдеме причините за тоа и воопшто да укажеме на тој проблем“, додава Шил.

Меѓутоа на повидок е промена. Се’ повеќе млади девојки на Балканот се охрабруваат да снимаат филмови , смета Шил:

„Тоа е се‘ разбира една нова генерација и ние едноставо сакаме на келнската публика да и‘ пружиме можност да го запознае тој регион“ .

Прикажување на македонскиот филм „ Боли ли?“

И членката на жирито, познатата српска актерка Мирјана Карановиќ, вели дека времињата „за среќа се менуваат“.

„ Денес има многу жени кои не само што се во состојба да напишат добро сценарио туку и да бидат водачи на таков голем тим луѓе кој е неопходен за снимање на еден филм“

На фестивалот во Келн денеска (17.04.2010) во рамките на балканскиот фокус ќе биде прикажан и филмот на македонската режисерка Анета Лешниковска „Боли ли? Прва балканска догма“. Инаку утре ќе биде прогласен и најдобриот филм на фестивалот , а режисерката победничка ќе биде наградена со 10 илјади евра.

Автор: Марина Мартиновиќ/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фидановска