1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Црвената џамија се уште се војува

По повеќедневното блокирање на Црвената џамија, пакистанската армија изутрината изврши напад. Агенциите јавуваат дека и натаму се водат тешки борби со милитантните исламисти забарикадарини во комплексот згради.

default

Пакистанската армија бавно напредува за, како то се вели, да избегне невини жртви

Соопштено е дека просторот главно е под контрола на армијата и сега се претресуваат подрумите во кои наводно се наоѓаат голем број жени и деца што исламистите ги држат како жив штит.

Пакистанските војници изутрината ги нападнаа просториите на сунитските верници и водеа жестоки борби со милитантните борци, како што соопшти претставникот на армијата, генерал Вахед Аршад. Притоа, загинале околу 50 исламисти и осуммина војници.

За сегашната ситуација, генералот за ББЦ изјави:

„Терористите се многу добро вооружени и добро тренирани. Имаат секаков вид оружје, од машински пушки до ракети. Затоа ова е бавен процес. Второ, има жени и деца што се наоѓаат во комплексот и затоа напредуваме чекор по чекор за да спречиме невини жртви„.

Пакистанските војници кои ја нападнаа џамијата од повеќе страни , според генералот, многу бргу ја презеле контролата врз централната просторија на приземјето. Околу 20 деца со трчање се упатиле кон војниците и биле префрлени на сигурно.

Инаку,Водачот на радикланите верници Абдул Рашид Гази за телевизискиот канал Гео, изјавил дека војската настапува со сета сила што, како што рекол, било гола агресија. „Моето мачеништво сега е сигурно„, рекол Гази.

„Владата не е искрена и по секоја цена сака крвопролевање„, изјави лидерот на исламистите во Црвената џамија.

Според неговите информации, околу 30 негови приврзеници пружаат отпор, но немаат доволно оружје на располагање. Црвената џемија на која и припаѓаат и две корански училишта, важи за тврдина на милитантниот исламизам во Пакистан.

Воената акција започна непсоредно по неуспехот на последните посреднички преговори под водство на поранешниот пакистански премиер Чаудри Хусеин. Тој преговарал околу девет часа со Гази преку мегафон и мобилен телефон. Притоа биле поднесени добри понуди, но Гази не бил подготвен да се предаде, изјави Хусеин. Генерал Аршад, по почетокот на воената акција рекол дека оној што веднаш ќе се предаде, ќе биде уапсен, сите други ќе бидат третирани како непријателски борци и ќе бидат убиени.

Црвената џамија беше опколена од армијата откако во минатата недела дојде до улични борби меѓу полицијата и радикалните ученици. Од комплексот во изминатите денови избегаа поовеќе од илјада и 200 лица.