1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во ЦЕФТА нови земји членки

Што ќе и донесе новата проширена ЦЕФТА на Македонија?

Букурешт

Букурешт

Земјоделците се исплашени, бизнисмените воздржани, надлежните некоординирани. Само експертите се уверени дека проширувањето на ЦЕФТА и оди во прлог на Македонија. Владата во последен момент се премисли и наместо министерката за економија Вера Рафајловска, во Букурешт го испрати вице премиерот Зоран Ставревски. Во кабинетот на Рафајловска велат дека пропаднале многу закажани средби со претставници од другите балкански земји, на кои министерката планирала да ги промовира македонските потенцијали. Владиното образложение е дека организаторот побарал, Македонија да биде претставена на повисоко ниво.

И додека во владата се занимаваат со протоколарни проблеми во експертските кругови се прават анализи, што ќе и донесе новата проширена ЦЕФТА на Македонија. Д-р Силвана Мојсовска стручњак за меѓународна трговја, смета дека тактизирањето на Србија и Босна и Херцеговина, не ја загрозува балканската безцаринска унија. „Негативно во секој случај нема да се одрази, затоа што Србија и Босна и Херцеговина имаат потпишано договори за слободна трговија со сите овие други држави кои практично влегуваат во ЦЕФТА. Од друга страна можеби е и разбирливо нивното одбивање, затоа што договорите за слободна трговија на Босна и Херцеговина во најголем број се асиметрични, што значи дека оваа земја има повеќе предности со земјите со кои потпишала билатерални договори. Со потпишувањето на договорот за ЦЕФТА, ќе ги изгуби предностите, бидејќи договорот на ЦЕФТА подразбира еднакви правила за сите земји.“

Регионалниот шеф на фондацијата Фридрих Нојман, Волфганг Заксенродер, кој деновиве е во Скопје, смета дека проширувањето на ЦЕФТА е одличен тест за балканските земји кои во иднина претендираат да станата членки и на ЕУ „Ние секогаш работиме и дискутираме за отворени граници, треба да се залагаме за слободна трговија, слободен проток на луѓе, исто така и да не ги затвараме границите бидејќи економската сорботка е секогагаш корисна за размена на политички ставови и евентуална интеграција. Оптимист сум дека земјите ќе го положат тестот.“

Проширувњето на ЦЕФТА на терен ќе донесе нови правила за трговија. Билатералните договори ќе ги замени еден универазлен. Дел од македонските бизнисмени и земјоделци стравуваат од конкуренцијата. „Ќе треба многу труд, напор квалитет, маркетиншки организиран настап.“ „Ако се намали царината на репорматеријалот, тогаш може.“

Емил Потогија, од опозициската либеарлно демократска партија на Босна и Херцеговина, кој деновиве учествуваше на еднан конференција во Скопје, смета дека поради војната од пред десетина години, дека неговата земја неможе да учествува во рамноправната трка што ја наметнува челнествоото во ЦЕФТА. „Некои земји се во подобра стартна позиција од други. За жал Босна и Херцеговина поради војната во земјата што заврши во 1995 година почна од нула, а други земји можеа да ја развиваат економијата и индустријата без тој временски прекин што ја опустоши босанската економија. Но во оваа или онаа форма порано или подоцна ЦЕФТА ќе стане реалност и за Босна и Херцеговина.

Денеска на ЦЕФТА во која остануваат само Хрватска и Македонија поради заминувањето на Бугарија и Романија во ЕУ, треба да и се приклучат уште Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија и Молдавија. Македонија е членка на асоцијацијата од август годинава.