1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во центарот на Скопје „не се дише“.

Загадувањето на воздух во центарот на Скопје денеска (04.12.2011) е на ниво кое е опасно по здравјето, покажуваат резултатите од мерењата на веб страницата „Скопје дише“.

default

Во центарот на Скопје воздухот е премногу загаден

Kвалитетот на воздух во 11:22 часот во центарот на Скопје изнесувал 339, ниво кое е опасно по здравјето на човекот може да се прочита на интернет-страницата „Скопје дише“ (http://www.skopjecentar.ekoinformatika.mk).

Според податоците на веб страницата на Град Скопје – „Скопје дише“ во главниот град мерењата направени во 11:22 часот покажуваат дека ПМ10 прашината е застапена со 488,99 микрограми на кубен метар, што е далеку над прифатливите максимални вредности.

Микроскопските честички, наречени ПМ10, можат да се вгнездат длабоко во белите дробови и се многу канцерогени. Како мерка за претпазливост се препорачува да се избегнува секаква физичка активност на отворено.

Автор: СН/ АТ/ миа/ сд

Редактор: Симе Недевски