1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Хаг прв процес против членови на УЧК

На тројцата обвинети Албанци од Косово им се товарат злостори против човечноста, како и воени злостори сторени во еден затвор на УЧК во мај и јуни 1998.

Фатмир Лимај во Хаг

Фатмир Лимај во Хаг

Кога во февруари 2003-та беа уапсени четворица поранешни членови на УЧК, тоа предизвика бурни реакции на Косово. Водачите на оваа организација постојано тврдеа дека нивните борци во војната против Милошевиќ се придржувале кон меѓународните конвенции. Од денеска меѓутоа пред Трибуналот во Хаг мораатда одговараат Фатмир Лимај, Харадин Бала и Исак Муслиу. Обвинението гласи:

“Фатмир Лимај, Харадин Бала и Исак Муслиу се лично одговорни за убиства и злостори во еден затвор во близината на Лапушник.“

Најмалку 22 лица, од кои половината косовски Албанци, кои се спротиставиле на соработката со УЧК, биле подложени на измачувања до смрт. Командант на надлежната единица за затворот бил токму Фатмир Лимај, кој при објавувањето на обвинението во март 2003-та ги отфрли сите точки:

“Апсолутно сум невин!“ - порача Лимај.

Тој е до сега по ранг највисокиот косовски политичар, кој мора да одговара пред Хашкиот трибунал. До апсењето тој спаѓаше меѓу најбилските соработници на поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на Демократската партија, Хашим Тачи. Лимај беше дури и член на највисокото раководно тело на партијата.

Според најавите на главниот обвинител на Трибуналот, Карла дел Понте, нема се да се заврши на денешниот судски процес. Во октомври таа најави и нови обвиненија до крајот на годината. Меѓу кандидатите за Хаг се наоѓа и Рамуш Харадинај, претседател на Сојузот за иднина на Косово, кој деновиве беше на повеќе разговори во претставништвото на Хашкиот трибунал во Приштина. Интересно е што разговорите дојдоа токму во времето кога се коваа плановите за идните политички коалиции по изборите на Косово, во кои Харадинај беше сериозен кандидат за премиерската функција.

Денешниот процес има улога на сигнал за цело Косово. Според неговиот тек и според реакциите на Косово ќе се мери до која мера косовското население и неговите лидери се подготвени на вистинска соработка со Тибуналот во Хаг, што е пак важен индикатор за натамошниот политички процес.

Дека не минува се сосема мазно зборува и апсењето на еден роднина на обвинетиот Муслиу на 5-ти ноември. Тој имено се обидел да подмити или со закани да влијае врз изјавите на најмалку шестмина сведоци на процесот