1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во фокусот-прашањето со границите

Македонија нема ниту желба ниту интерес да го отвора повторно прашањето за границите меѓу Македонија и Србија и Црна Гора. Тоа е завршена работа од меѓународно правен аспект . Ваква порака вчера во Белград упати македонскиот предтседател Бранко Црвенковски , која наиде на одобрување кај српските власти кои претходно изразија незадоволство околу контроверзните изјави на македонскиот премиер Бучковски о

Црвенковски-добрите односи со соседот,заеднички интерес

Црвенковски-добрите односи со соседот,заеднички интерес

�олу ова прашање.

Проблемот со демаркација на границата со државната заедница Србија и Црна Гора во делот со Косово , беше во фокусот на вниманието на разговорите меѓу Црвенковски со највисоките функционери на Србија , Црна Гора и на државната заедница . Црвенковски беше јасен кога станува збор за ова прашање:

Претседателот на Србија Борис Тадиќ го поздрави ваквиот став , како и останатите ставови на неговиот македонски колега , што се однесуваа пред се на референдумот во Црна Гора ,на обрските кон Хашкиот Трибунал и на регионалната соработка . Што се однесува пак до ставовите околу границата Тадиќ го напомена следново:

-Многу ги ценам сите политички ставови за овие проблеми што ги искажа претседателот на Македонија , Бранко Црвенковски . Разбирам оти тоа е официјалната политика на Република Македонија и очекувам дека такви ставови во иднина ќе бидат искажани и од страна на македонската влада . Бидејќи повторувам уште еднаш: највисок интерес на Србија навистина се најдобри односи со Македонија не само денес туку и во иднина“

Во Белград недоумици предизвика изјавата на македонскиот премиер Владо Бучковски дека Србија реално не може да биде партнер во демаркацијата на границата во делот кон Косово . Оттаму изјавата на претседателот Црвенковски дека тоа прашање воопшто не треба да се отвора , бидејќи во правна смисла е веќе завршено , дојде како мелем на рана .

Што се однесува пак до останатите теми , најмногу внимание му беше посветено на приближувањето на двете држави кон ЕУ и она што тие треба самите да го направат тој процес да биде забрзан . Соговорниците укажаа на тоа дека поголемиот дел од проблемите , кои ги мачат двете земји се однесуваат на целиот регион . Претседателот на Србија , Борис Тадиќ , изрази подготвеност да помогне во решавањето на некои проблеми во Македонија и оти соседната земја би можела да придонесе во решавањето на некои проблеми во Србија . Според него , тоа не би претставувало мешање во внатрешните работи на едната или другата земја . Тадиќ меѓутоа не објасни на што точно мисли .

Црвенковски во Белград се сретна и со претседателот на државната заедница Светозар Маровиќ како и со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ .

Покрај регионалната соработка , евроинтеграциите и црногорскиот референдум и на овие средби во фокусот беше прашањето околу демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово .

Црвенковски по попладневните разговори со Вујановиќ уште истакна дека меѓународната заедница би требала да биде главниот координатор во врска со демаркацијата на границата на Македонија во делот кон Косово.