1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во употреба најбрзиот компјутер во Европа

Најбрзиот високоефективен компјутер во Европа е пуштен во употреба во Гархинг кај Минхен. Т.н. СуперМУЦ компјутер во секунда извршува три билијарди операции.

Бројките се вртоглави: три билиjарди операции, експертите додаваат-три „Петафлопс“ во секунда, тоа е ефикасноста на комјутерпт. За човечкиот мозок овие бројки се тешко сфатливи. Компјутерската фирма ИБМ, која го произведе суперкомпјутерот, ја споредува неговата ефикасност со речиси несфатливи ситуации-три милијарди луѓе со дигитрони да извршат секој по еден милион операции во секунда.

Голем како половина фудбалски стадион

За СуперМУЦ се грижи Комјутерскиот центар во Лајбниц под раководство на професор Арнд Боде. Тој има големина колу половина фудбалски стадион и тежи 100 тони, а треба да помогне во решавањето на најголемите загатки на науката, за на пример на научниците да им помогне во анализата на физичките податоци и симулации во процесите во човечкото тело. Со своите 155 илјади процесори овој компјутер е всушност најдобриот во Европа, статус што веројатно нема долго да го задржи. Зашто, поради огромниот број податоци кои во денешно време терба да бидат обработени во областа на астрономијата, атомската физика, медицината или истражувањето на климата, во светски рамки се градат се‘ поголеми и поефикасни компјутери.

Штедлив систем на ладење

Новина кај новиот суперкомпјутер е и начинот на ладење-со невообичаен метод се заштедува многу енергија, тој се лади со вода на околу 40 степени.

„Чиповите работат коректно до 70 или 80 степени“, вели Боде.

„Поради повисокиот топлотен капацитет водата подобро ја спроведува топлината од воздухот“.

Додека класичните комјутерски центри имаат дополнителна потреба од 50 до сто проценти од својата потребна енергија за ладење, кај СуперМУЦ тоа е сведено на 10 до максимално 20 дополнителни проценти. Годишно се заштедуваат дополнителни 850 илјади евра.

Германија и покраината Баварија инвестира околу 83 милиони евра во изградбата на новиот комјутер, што ќе го користат и научници од 23 земји.