1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во Украина најмногу гласови за партијата на Јулија Тимошенко

*

На парламентарните избори во Украина, според последните податоци, најмногу гласови добила прозападната партија на лидерот на опозицијата, Јулија Тимошенко. Изборната комисија во Киев соопшти дека блокот Јулија Тимошенко добил 33% од гласовите. Партијата на регионите на премиерот Виктор Јанукович, освои речиси 30% гласови, додека партијата Наша Украина на претседателот Виктор Јушченко ја доби довербата на 16% од избирачите. Тимошенко најави дека денеска ќе почне со консултации за состав на нова влада со партијата Наша Украина. Тимошенко и Јушченко постигнаа договор за обновување на нивниот сојуз непосредно пред изборите.