1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Украина масовни протести на опозицијата

На митингот во центарот на Киев пред околу 100 илјади луѓе, опозицијата која ги оспорува резултатите од вчерашниот втор круг од претседателските избори, соопшти дека има поддршка од полицијата, војската и специјалните сили.

Организаторите на митингот велат дека сакаат да ја заштитат победата на нивниот лидер Виктор Јушченко и оти до вечер очекуваат на протестите да се соберат милион луѓе.

Јушченко најави дека активностите на опозицијата ќе траат се додека не бидат објавени вистинските резултати од изборите.

- Нашата акција ќе мине сосема мирно и ќе биде во согласност со уставот. Ги молам граѓаните на Киев кои гласаа за мене да го заштитат својот глас и да учествуваат во протесната акција, рече Јушченко.

Приврзаниците на Јушченко бараат вонредно заседание на украинскиот парламент за да се поништат изборните резултати во некои области во кои тие тврдат дека се случила масовна кражба на гласови во корист на другиот кандидат за претседател актуелниот премиер Виктор Јанукович.

Според податоците на Централната изборна комисија води

премеирот Јанукович со 49, 57 процетни од гласовите, додека кандидатот на опозицијата Јушченко освоил три проценти помалку. Обсе оцени дека Вториот круг од претседателските избори не е според меѓународните демократски стандарди.

Опозициски митинзи се одржуваат и во другите градови во Украина.

Западните медиуми оценуваат дека изборите во Украина ќе одлучат дали земјата ќе започне да му се приближува на Западот или и натаму ќе ги зајакнува односите со Русија. Јушченко се залага за постепено интегрирање на земјата во Европската Унија а Јанукович за поголема државна контрола во економијата и потесни врски со Русија. Тој беше јавно подржан од претседателот на заминување Леонид Кучма и од рускиот претседател Владимир Путин.