1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во Турција уапсена жена со пет килограми експлозив

Во градот Адана во јужна Турција денеска е приведена жена со пет килограми експлозив. Моќта на одземениот експлозив е еднаква на експлозивната направа која беше вчера активирана од атентатор самоубиец во Анкара. Во земјата се зголемени безбедносните мерки по атентатот пред трговски центар во кој загинаа шест лица, а над стотина беа повредени. Градоначалникот на Анкара денеска соопшти дека напаѓачот е идентификуван. Во нападот биле употребени четири килограми пластичен експлозив, кој според турските медиуми во земјата бил внесен од курдските сепаратисти, за кои постои сомневање дека го организирале.