1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Турција почна судењето за државниот удар од 1997 година

Од доаѓањето на власт во 2002. Партијата на правдата и развојот на премиерот Ердоган притвори десетици активни и пензионирани офицери кои беа обвинети за завери против исламистичката власт

Во Турција денеска почна судењето на поранешниот началникот на Генералштабот на турската војска, како и група од над сто обвинети за државен удар во 1997 година. Генерал Исмаил Хаки Карадај и уште 102 лица се обвинети за „насилно соборување на турската влада“. Обвинителите побараа доживотен затвор за Карадај, кој поради болест не присуствуваше на денешното сослушување пред судот во Анкара. На обвинетите им се суди за соборување на првиот исламистички премиер на Турција, Неџметин Ербакан, политички ментор на актуелниот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Ербакан беше сменет со тенковска парада во Анкара и упатен ултиматум од страна на армијата да замине од власт. По тој државен удар армијата не ја замени цивилната администарција со воена, како што беше случај со трите претходни воени удари во 1960, во 1971 и во 1980 година.