1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во турскиот парламент денеска се избира нов шеф на државата

*

Турскиот парламент денеска ќе одржи седница на која треба да избере нов претседател на државата . Владејачката религиозно конзервативна партија АКП на премиерот Реџеп Таип Ердоган повторно за функцијата го номинираше шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул. Неколку часови пред првото изјаснување на пратениците , Демократската левичарска партија ја истакна кандидатурата на Хусеин Тајфун Ичли . Во петокот пак свој кандидат истакна и националистичката партија МХП . За победа во првиот и вториот круг гласање во парламентот , на кандидатите им е потребно двотретинско мнозинство гласови од пратениците , додека во третиот круг само просто мнозинство .