1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во трка со времето

Поплави, уништени домови, огромна материјална штета и се уште непознат конечниот број на жртви - таква е сликата во Тексас по налетот на ураганот „Ајк“. Спасувачките екипи бараат преживеани, владата вети огромна помош.

default

Ураганот „Ајк“ предизвика голема материјална штета во Тексас

По налетот на ураганот „Ајк“ во милионската метропола Хјустон, неделава е воведен полициски час, кој ќе важи во текот на ноќта. Над два милиони жители, до следната сабота нема да смеат да ги напуштаат куќите од 21 часот навечер до 6 наутро. Со оваа мерка, треба да се заштитат граѓаните, бидејќи градот се уште не е расчистен од последиците од невремето. Насекаде има паднати дрвја, искршени стакла, откорнати фасади, семафорите не функционираат, а четвртиот по големина град во САД е потонат во темница бидејќи е уништен голем дел од електричната мрежа. Исто така и голем дел од околните автопати се под вода.

800 километри површина е под вода

Од ураганот „Ајк“вкупно се поплавени осумстотини километри од брегот на Тексас во Мексиканскиот залив, а голем дел од овој регион е значително уништен.

BdT Hurrikane Ike

Поплавен е голем дел од крајбрежјето

Спасувачките екипи неуморно се во потрага луѓето кои и покрај апелите и препораките за евакуација, решија да останат дома. Според медиумите до сега настрадале 21 лице, но над 2000 се спасени. Низ калливата вода по улиците одат од куќа на куќа и гледаат кому му е потребна помош. Еден од спасувачите објаснува.

„Тренирани сме за справување со вакви ситуации. Одиме од врата на врата и проверуваме дали луѓето коишто останале по куќите пронашле излез.“

Во спасувачката акција се вклучени и хеликоптери бидејќи има поплавени делови до кои може да се дојде само од воздух. Тоа е пред се во најпогодениот град Галвестон, каде се стравува дека ќе има поголем број жртви заглавени под урнатините и поплавените улици. Само во овој град околу 20 000 жители одбија да се евакуираат. Пораката на властите сепак ја послушаа околу 2,2 милиони луѓе кои се засолнаа пред налетот на ураганот.

Властите предупредуваат од прерано враќање

Гувернерот на Тексас Рик Пери повторно апелираше до оние кои ги напуштија домовите:

„Останете каде што сте и не се враќајте дома додека не биде издадено официјално одобрение за тоа.“

Во Галвестон во невремето се запалени повеќе објекти. Меѓу нив е и еден ноќен клуб, кој беше под заштита на спомениците, бидјеќи таму настапувале ѕвезди како Френк Синатра и Боб Хоуп.

Владата во Вашингтон вети огромна помош за настраданите

Во погодените подрачја дневно на располагање стојат еден милион оброци и половина милион литри вода за пиење.

George Bush - Rede zum Irak

Претседателот Буш лично ќе ги посети настраданите подрачја

Американскиот претседател Џорџ Буш утре патува за Тексас за на местото на настанот да се информира за штетите и текот на спасувачката акција. Претседателскиот кандидат на демократите Барак Обама ги повика своите поддржувачи да донираат помош за настраданите, и го откажа настапот на викендот во едно познато забавно телвизиско шоу бидејќи било несоодветно во моменти на ваква катастрофа да се шегува. Од таборот на неговиот републикански противник Џон Меккејн го предупредија Обама да не ја злоупотребува катастрофата од ураганот „Ајк“ за остварување на свои цели во кампањата.