1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Во Тибет се врши културен геноцид“

По демонстрациите и насилствата во Тибет, од егзил во Индија се јави за збор духовниот поглавар на Тибеќаните Далај Лама со порака дека тибетската нација е во голема опасност и тој страхува од натамошно крвопролевање.

default

Далај Лама обвинува

Кина сака со насилство да воспостави мир во хималајскиот регион; ако режимот не ја смени таквата политика, таму може да настрадаат уште повеќе луѓе. „Со намера или не - во Тибет се врши културен геноцид“ - рече Далај Лама и побара меѓународна истрага. Тој сепак искажа и помирливи тонови: во никој случај не сака отцепување од Кина и никако не е против одржувањето на олимписките игри во Пекинг. Инаку, според наводи на тибетската влада во бегалство, во петочните безредија загинале најмалку 80 лица. Оттогаш во цел Тибет биле стационирани кинески војници, манастирите строго надгледувани, а главниот град Ласа целосно блокиран.
Меѓународни реакции
Индија, во која живеат и околу 100 илјади тибетски бегалци, искажа загриженост поради настаните во Хималаите, но ги предупреди бегалците да се воздржуваат од политички активности. Индија се обидува да се зближи со Кина, која во меѓувреме и’ стана важен стопански партнер, и по секоја цена сака да избегне конфронтација поради Тибет. ЕУ уште од самитот во Брисел ја повика Кина на воздржаност и побара да ги ослободи уапсените демонстранти. „Укажавме на тоа дека имаше мирни демонстрации и апелиравме до кинеското раководство да бара разговор со претставници на Тибеќаните“ - рече германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. САД побараа од Кина да се откаже од насилсво. Портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак рече: „Насилството не му користи никому. Ние сметаме дека е многу важно кинеската влада да се откаже од употреба на сила“.

►◄