1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во Тетовскиот регион денеска е мирно

*

Ситуацијата во поширокото подрачје на Тетово, денеска е мирна по вчерашната акција на полицијата против вооружено криминалната група во која загинаа шест лица. Ова стои и во официјалниот извештај на заменик јавниот обвинител и истражниот судија кои го завршија увидот на теренот. Телата на мртвите се пренесени во Скопје каде треба да се изврши обдукција. Агенцијата Макфакс повикувајќи се на изјава на портпарол на клиниката за хирургија во Скопје пренесува дека во акцијата биле ранети или повредени 11 лица кои се хоспитализирани. Инаку во акцијата на полицијата во која учествуваа припадници од мешан состав нема загинати или повредени цивили.