1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Во Тетово мирно по вчерашната акција на полицијата

*

Ситуацијата во поширокото подрачје на Тетово, утрово е мирна по вчерашната акција на полицијата против вооружено криминалната група. Полицијата и натаму е прустна во регионот, а според последните сознанија од министерството за внатрешни работи во акцијата Планинска бура се убиени шест припадници на криминалната група, 13 се приведени, а полесно е повреден еден полицаец. Нема загинати или повредени цивили. Во акцијата учествуваа припадници на полицијата од мешан етнички состав. Истражен судија и заменик јавен обвинител синоќа во Бродец извршиле увид на местата каде беше извршена полициската акција. Телата на мртвите се пренесени во Скопје каде треба да се изврши обдукција.