1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во странство ценети, во Македонија потценети

Македонија се' позасилено се соочува со појавата на т.н. „одлив на мозоци". Тоа се високообразовани лица кои заминале поради лошата економската ситуација и немањето перспектива во родната земја.

default

Скопје

Некои заминале од Македонија бидејќи не можеле да најдат работа, бидејќи добиле подобра понуда во странство или едноставно откако ја согледале севкупната ситуација во Македонија.

Антонија Петрушевска, стипендист и дипломец по маркетинг на државниот универзитет во сојузната држава Џорџија, САД, решава по дипломирањето да остане некое време во САД откога се соочила со судбината на своите соученици во Македонија: „И на сите им беше тешко да најдат работа, на сите им беше тешко да се осамостојат, знаеш и слушаш се' и сешто на телевизија, каква е нашата економска ситуација, каква е иднината на Македонците."

Google Logo auf Stuhl in der Firmenzentrale in Mountain View Kalifornien USA

Марија Николова, дипломиран толкувач и магистер по европски студии, веќе една година е вработена во „Гугл“ во Полска. Можноста да работи за една од најпрестижните компании на светот беше посигурна и попримамлива за првенецот на Филолошкиот факултет од понудата да остане на Факултетот со договор на дело: „Знаеме дека договор на дело не е ништо што може да биде подолготрајно и заради тоа се одлучив за можноста да дојдам овде во ’Гугл’, бидејќи ова е договор со неограничено траење и е многу посигурна работа."

Во странство има можности за напредување

Нестор Аврамов, електротехнички инженер и магистер по телекомуникации, веќе пет години работи во „Моторола“ во Данска. Многу е задоволен со добрата економска ситуација и

Mazedonien Nestor Avramov

Нестор Аврамов

добриот животен стандард во оваа земја, како и со сигурноста на работното место и севкупното социјално осигурување. Раскажува дека во „Моторола“ постојат и правила за отпштање од работа: „Под сигурност на работа мислам доколку се изгуби работа постојат доста правила кога и како може да се отпушти вработен. ’Моторола’ секогаш ангажира и консултанти кои помагаат за наоѓање нова работа."

Во странство младите интелектуалци имаат можност да напредуваат на работното место, а европските стандарди за работа и слободата во работата се загарантирани. Она што го сметаат за дополнителна придобивка е релаксираниот однос шеф-вработен и рамноправноста меѓу вработените. Освен тоа го наведуваат работното искуство во интернационална средина и стекнувањето странската диплома за предност.

Мозоците се одливаат засилено по транзицијата

Mazedonien Maja Gerovska Mitev

Д-р Маја Геровска Митев

„Брејн дрејн" процесот, односно одливот на мозоци, во Македонија е засилен по транзицијата, покажуваат истражувањата на невладините организации. Доцент д-р Маја Геровска Митев од Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје ги наведува причините за овој процес: „Намалените можности за вработување, намалените можности за напредување во рамки на пазарот на трудот или во рамки на одредена кариера кадешто постојат ограничувања во смисла на економскиот растеж на земјата, во секој случај карактеристики коишто се доста блиски за актуелната состојба."

Понудата не се поклопува со побарувачката

Мимоза Трајаноска е дипломиран стоматолог со просек над 9,50 и поранешна стипендистка на германскиот Бундестаг, која неможејќи да најде работа во Македонија заминува во Словачка каде и моментално работи. Според неа проблемот лежи во непоклопувањето на понудата и побарувачката на професионалните профили на македонскиот пазар: „Во Македонија како за другите струки, така и за стоматологијата за жал владее хиперпродукција на кадарот. Значи имаме голем број на дипломирани стоматолози, а мал број на работни места."

Освен неквалитетното социјално осигурување во Македонија, Нестор вели дека, иако не ги осетил на своја кожа, голема пречка се врските и корупцијата. Мимоза укажува на фактот дека поради лошата финансиска состојба, пациентите во Македонија не можат да си дозволат најдобар третман.

Македонија мора да пружи подобри услови

Интервјуираните интелектуалци би сакале да се вратат назад. Но, предуслови би биле имплементирање на подобри работни услови

Studenten - Wirtschaft Fakultät

Универзитетот во Скопје

по примерот на европските земји вклучувајќи можности за надоградба, подобро интегрирање на младите образовани лица, подобра економска ситуација за привлекување повеќе меѓународни компании и посигурна и појасна иднина на Македонија.

Престојот и работата во странство имаат позитивна страна: Антонија и Нестор гледаат на дологогодишниот престој во странство како инвестирање во себе со кое по враќањето би придонеле за Македонија. Исто така д-р Геровска Митев укажува на скромната појава на одбратниот процес, однос придобивка на стручни кадри во Македонија како резултат на работата на мали фирми од областа на компјутерските апликации, кои поради помалку платената работна сила се конкурентни на пазарот и привлекуват дури и работна сила од странство.

Да се поврати довербата кај младите

Но, загрижувачка е динамиката на процесот на одлив на стручната работна сила од Македонија бидејќи одредени истражувања покажуваат дека околу три четвртини од младите во Македонија би емигрирале во странство доколку се во можност. Марија пак смета дека македонските власти се тие кои требаат да се борат за изгубената доверба кај младите: „Тие треба да успеат да ја повратат довербата кај граѓаните, кај младите луѓе бидејќи младите и да речеме образовани луѓе не веруваат дека можат да имаат посветла иднина во Македонија и затоа веднаш или најчесто се одлучуваат да бараат работни можности надвор."

Автор: Ана Стојиловска

Редактор: Александра Трајковска