1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во срцата на навивачите

Коментар на Арнулф Бечер

И тагувањето е дел од спортот, но иднината е пред германските 11!

И тагувањето е дел од спортот, но иднината е пред германските 11!

Синоќа заврши германскиот сон за финалето на Светското фудбалско првенство. Германските 11 загубија во последните минути од полуфиналето против Италија. Разочарувањето на играчите и навивачите додуша е големо, но со својата игра германските фудбалери постигнаа повеќе отколку што стигнаа до полуфиналето: влегоа во срцата на публиката.

Значи, толку беше на светското фудбалско првенство, барем за германската репрезентација. Во драматичен натпревар и по голема борба, германските 11 загубија во полуфиналето во Дортмунд против Италија. При крајот им недостигаа малку сила, но и мудрост. Треба да се признае дека Италијанците, во ова, веројатно финале пред финалето, беа нешто подобар тим.

Сепак, в сабота во Штутгарт ќе се игра за утешното трето место. Иако овој натпревар спортски не е од голема вредност, тој на националната екипа е нуди шанса за заслужената проштална претстава.

Зашто три ипол недели играчите на сојзуниот тренер Јирген Клинсман им го држеа здивот на германските и странските навивачи. Влегоа во срцата на Германците со нивната успешна офанзивна игра и се погрижија за ретко позната фудбалска еуфорија во земјата. Милиони луѓе насекаде итаа кон навивачките милји и мирно ги бодреа германските, но и меѓународните фудбалери.

„Светот на гости кај пријатели„ – ова мото вистина жевееше на ова светско првенство. Германија се престави како отворена кон светот, како срдечен и пријателски домаќин. Така ќе се гледа и на меѓународен план. На тој начин првенството стана одличен пропагатор на Германија. Притоа, Германците ги покажуваа и знамињата во досега непознат интензитет: насекаде можеше да се види црно-црвено-жолтото. И тоа сигурно не е израз на нов задушлив национализам, туку многу повеќе дел на нормалитет: фудбалските успеси беа славени подеднакво како и кај другите нации.

Уште еден позитивен страничен ефект: мирниот славенички штимунг им го одзеде тлото на хулиганите, одвај можеа да се забележат нереди, а изостанаа и безредијата од кои се страхуваше.

За системот Јирген Клинсман треба да се каже: тој го ослободи фудбалот во Германија и покрај сите критки и одбивност. Таканаречениот „фудбал во оклоп„ што доминираше од 1990 година, веќе не беше тема. Луѓето конечно повторно се радуваа да ја гледаат репрезентацијата. Дали целта на Клинсман да стане светски првак и како тренер ќе добие нов полет, не е извесно. Меѓутоа, одговорните во Германскиот фудбалски сојуз безусловно треба да се потпрат врз Клинсман и неговиот извонреден асистент Јоахим Лев. Тимот мора да се развива, а големите мигови на младите герамнски 11 допрва доаѓаат: можеби веќе на Европското првенство по две години, но најдоцна на следното светско првенство во Јужна Африка во 2010.

Арнулф Бечер