1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Србија прво судење за воени злосторства извршени од Срби

Во Специјалниот суд во Белград почна судењето на шестмина Срби обвинети за воени злосторства, односно убиство на 192 припадници на паравоените хрватски сили во близина на Вуковар, во 1991 година. Со судскиот процес, српската влада сака да докаже дека може ги казни злосторствата направени за време на босанската војна во својата земја, наместо во Ден Хаг.

Бруно Векариќ, од српското државно обвинителство и портпарол на специјалниот суд за воени злосторства во Белград, основан минатата година, вели:

”Тоа што мене ми е многу важно е дека ние не сакаме да ги политизираме процесите. За нас не е е важна националноста ниту на извршителите, ниту на жртвите. Постои само злосторство и казна.”

Од првично осуммина обвинети за злосторства во Вуковар, пред судот се наоѓаат шестмина – еден во меѓувреме изврши самоубиство, а еден ужива заштита на крунски сведок на обвинителството.

Постапката е отворена врз основа на актите на судот во Ден Хаг. Пред една година, Карла Дел Понте го донесе материјалот во Белград.

”Ова е првиот процес што се води од страна на специјалниот суд и во таа смисла е историски настан.”

Српските медиуми не му посветија многу внимание на процесот пред неговиот почеток, што не изненадува со оглед на политичката криза во земјата. Коментарите во јавноста се различни. Убиените Хрвати во Вуковар претходно убивале Срби, го оправдуваат српските воени ветерани масакрот на страниците на Интернет. Борците за човекови права велат дека поставување луѓе пред дупка и нивно ладнокрвно убивање не може да се оправда со ништо. Меѓу широката публика во меѓувреме се зацврсти убедувањето дека убијците мора да бидат казнети зашто така налага ситуацијата.