1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во Србија мирно по нередите во текот на ноќта

Денеска во Србија е мирно ,по синоќешните нереди на улиците во повеќе градови во земјата , кои најнапред започнаа како демонстрации против насилството на Косово. Во нередите биле повредени повеќе десетици лица , а властите предупредија дека ескалација на состојбите не е прифатлива. Српските политичари вината за вчерашните насилства на Косово пред се ја насочуваат врз екстремистичкиот карактер на албанск

Немири во Белград

Немири во Белград

иот сепаратизам.

За денеска во Белград , демонстрации за мир на Косово треба најавија студентите во градот. Собирот треба да се случи на платото пред Филозовскиот факултет , а полицијата будно ги следи настаните, со оглед дека мирните протести кои вчера спонтано се случија во повеќе српски градови прераснаа во насилни нереди, во кои имаше голем број повредени како меѓу демонстрантите така и кај полицијата. Министерстерот за внатрешни работи на Србија Драган Јочич во меѓувреме предупреди дека полицијата повеќе нема да толерира нереди. Повици за смиреност до граѓаните на Србија уаптија и други политичари во земјата:

"Оваа ситуација е повеќе од сериозна и таа бара една контролирана и координирана акција на државните органи .Истовремено е многу значајно нашите граѓани да знаат оти ние мора да се однесуваме максимално рационално и никаква ескалациуја од наша страна не доаѓа предвид , но од другастрана мора да му се пружи секаков вид помош на нашето население на Косово"-изјави министерот за одбрана на државната заедница Србија и Црна Гора ,Борис Тадиќ.

Инаку ненасилните протести поради вчерашната ескалација на судирите на Косово започнаа во Белград,за подоцна да прераснат во жестоки судири со полицијата во близина на Американската амбасада и на Бајракли џамијата. Демонстрантите ја демолирале џамијата, а истата судбина и се заканувала и на американската амбасада.

Демонстрантите пред џамијата се обидел да ги спречи црногорско приморскиот митрополит Амфилохие,молејќи ги да не прават злосторство ,но тие го навредувале со најтешки зборови.

По пробивот на кордонот пред американската амбасада биле употребени силини полицисмки единици кои најпосле успеале да ги потиснат демонстрантите.

Нереди имаше и во Ниш, каде демонстрантите истотака запалиле џамија во градот а демонстрантите во Нови Сад ги искршиле стаклата на седиштето на Исламската верска заедница ,а полицијата успеала да ги растера во обидот да влезат во населбата каде живеат несрпски жители иселени од Косово.

Мирни демонстрации имаше и во Јагодина,Лесковац,Бор,Чачак.

Српската Влада синоќа одржа вонредена седница на која присуствуваа министрите од државната заедница , Расим Љаиќ, Борис Тадоќ и Горан Свилановиќ и претседателот на координативното тело за Косово , Небојша Човиќ.

По седницата српскиот премиер Воислав Коштуница истакна дека случувањата на Косово ја покажуваат вистинската природа на албанскиот сепаратизам и неговиот насилен карактер:

“Неподготвени за постепено решавање на тешките политички, економски и социјални проблеми и тоа со почитување на правилата на постоечките документи и уважување на присуството на меѓународната заедница , инспираторите и извршителите на масовното насилство . денеска се нафрлија врз остатоците на српската заедница во покраината"-истакна Коштуница.

Српскиот премиер истотака ги демантираше и ги окарактеризира како дезинформации , вестите дека армиските сили започнале засилено да се стационираат на границата со Косово. Началникот на Генералштабот на Армијата на Србија и Црна Гора, Бранко Крга , утринава беше дециден дека за такво нешто не може да стане збор , додавајќи дека евентуален ангажман на Косово на војската мора да биде во склад со одлуките на Советот за Безбедност на ОН.

Српскиот премиер Коштуница меѓутоа , синоќа изрази загриженост поради состојбата со безбедноста на Србите на Косово , потсетувајќи на некои свои идеи за разрешување на таквата ситуација.

"Мислам дека она што се случува на Косово и Метохија покажува дека еден вид територијално обезбедување , територијална автономија претставува нешто што на Србите на Косово може да им обезбеди сигурност, особено кога се покажува како сега дека тоа не е во состојба да го стори КФОР"-истакна Коштуница