1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Србија Македонците ќе одат само со лична карта

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија го потпишаа договорот за минување на границите со лични карти

default

Гордана Јанкулоска

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ синоќа во Охрид потпишаа два документи - Спогодба меѓу владите на двете држави за условите за патување на државјаните на двете земји, односно договор за поминување на државната граница само со лична карта и Протокол за определување на подрачјето на новиот граничен премин „Голема Црцорија – Голеш“ што беше отворен пред неколку месеци.

„Потпишаните договори се само потврда дека кога постои добра волја кај двете страни, секогаш може да се изнајде решение што ќе биде во полза на граѓаните на нашите држави. Овој договор е само потврда за тоа дека државите кои имаат добрососедски односи, секогаш може да ја унапредуваат соработката и да ги олеснат процедурите за поминување на државните граници меѓу земјите, како тоа што го направивме со Република Србија, а истовремено да се задржат неопходните безбедносни стандарди“, рече министерката Јанкулоска по церемонијата на потпишувањето на договорите.

Нејзиниот српски колега, министерот Дачиќ, во оваа прилика потсети на блискоста на граѓаните од државите од Западен Балкан, оттаму и бенифитот на граѓаните кои во иднина ќе ја минуваат границата само со биометриска лична карта.

Во врска со вториот договор, кој предвидува воспоставување заедничка полициска контрола на преминот „Голема Црцорија – Голеш“, Дачиќ со оценка дека тоа е модел што би можел да се воведе и на другите премини, сето тоа со почитување на европските стандарди, пред се критериумите што се однесуваат на спречување на криминални активности, илегална миграција и слично.

За да стапи на сила, Спогодбата што ќе овозможи минување на државната граница само со лични карти треба да биде ратификувана од страна на парламентите на двете држави. Јанкулоска и Дачиќ изразија надеж дека оваа спогодба ќе стапи на сила што е можно побргу и се обврзаа оти максимално ќе се заложат таа што поскоро да биде ратификувана во Собранијата на двете земји.

Автор: ЖА/миа

Редактор: Симе Недевски