1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во спорот околу името нема поместување

Посредникот во спорот околу името, Метју Нимиц, си замина од Скопје со празни раце, но со констатација дека и Македонија и Грција сакаат да најдат решение.

default

Метју Нимиц во Скопје

Нема поместување во македонската позиција околу името, но има поттик за продолжување на дијалогот. Разликите меѓу Скопје и Атина се сеуште големи, но важно е што двете земји сакаат да најдат решение за спорот околу името. Со овие оценки, пред групата македонски и грчки новинари во Скопје, излезе посредникот на ОН во спорот околу името, Метју Нимиц.

„Не донесов нов предлог. Владата има сериозни забелешки на мојот предлог од 19 февруари“, изјави Нимиц по разговорите со македонскиот државен врв. Тој потврди дека не е намален јазот меѓу Грција и Македонија.

Македонија сака зачувување на уставното име и различна референца само во односите со Грција. Властите во Атина прифаќаат само сложено име, со географска одредница, од типот “Горна Македонија“ и членство во НАТО и ЕУ со така изменето уставно име.

Еден час по средбата со Метју Нимиц, македонскиот премиер, Никола Грувски изјави: „Грчкото вето за Македонија значи и НЕ за САД, Франција, Германија, Британија, за сите влади што не‘ поддржуваат на патот кон НАТО“, рече Груевски на партиски собир во Градско. Тој додаде: „Ние не бегаме од дијалог. Кој сака, со него ќе се сретнам. Правдата е на наша страна.“

Македонското раководство е решително против промена на уставното ме и очигледно засега игра на времената спогодба со Грција, од пред 12 години. Скопје се надева дека грчките власти нема да стават вето во Букурешт и дека Македонија може да стане членка на НАТО со референцата ФИРОМ.