1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Во спомен на 220 илјади жрви од цунами

Со минути молчење и молитви, десетици илјади луѓе во земјите околу Индискиот Океан потсетија на првата годишнина од цунами катастрофата и им оддадоа почит на жртвите.

Комеморација во Тајланд

Комеморација во Тајланд

Во несреќата на 26 декември минатата година загинаа повеќе од 220 илјади луѓе. Најголемиот број жртви, околу 170 илјади, беа на северниот дел на островот Суматра во Индонезија:

„Моментот на молчење почнува„, најави индонезискиот претседател Сусилио Бамбанг Јудхојоно, а молчењето го прекина звукот на сирената точно во 8 часот и 16 минути кога цунами стигна до брегот на Аче.

„Се случи под истото ова сино небо пред една година кога мајката Земја ја истури својата исклучително разурнувачка сила врз нас. Се започна со силниот земјотрес на околу 150 километри од Суматра. Меѓутоа, земјотресот беше само увод во страшната катастрофа што дојде„, рече Јудхојоно на денешната комеморација во Аче каде што настрадаа најголемиот број луѓе.

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан во видео-пораката што беше прикажана за време на церемонијата во Банда Аче, изјави дека катастрофата беше толку брутална, брза и голема што се уште тешко може сосема да се сфати. Истовремено, таа предизвика неверојатно ехо во целиот свет. Специјалниот пратеник на Обединетите нации за совладување на последиците од цунами, екс-американскиот претседател Бил Клинтон во исто така снимена порака изјави дека во обновата веќе е нешто постигнато, но мора уште многу да се направи.

На комеморациите во Тајланд присуствуваа голем број роднини на странските туристи што загинаа во брановите на цунами. Околу половината од официјалниот број од 5 илјади и 400 жртви беа странци. Централната прослава се одржа на островот Пукет каде што еден од присутните изјави:

„Многу сум потресен од сето ова. Одвај ги задржувам солзите. Убаво е да се види колку луѓе присуствуваат„

Една медицинска сестра од Пукет вели:

„Тажни сме, но се надеваме дека нема да се случи повторно„.

Во Шри Ланка се собраа луѓе од различни вери за да им оддадат почит на околу 30 илјади загинати. Централната прослава се одржа во Перелија на југот од островската држава каде што водниот бран збриша еден воз во кој загинаа илјада и 200 луѓе. Претседателот на државата Махинда Раџапаске ги повика сограѓаните на единство. На комеморации на јужниот брег на Индија, како и на островите Андамни и Никобари дојдоа преживеани при што се откриени споменици за повеќе од 12 илјади жртви.

Германската министерка за развој Хајдемари Вичоек Цојл по повод годишнината од цунами, изјави:„Никој од нив не е заборавен. Сојузната влада прави се за луѓето од регионот колку што е можно побргу да можат да користат ефикасен систем за предвремено предупредување, за што Берлин донираше 45 милиони евра„.