1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Во СПД нема оставки поради педофилската афера

По оставката на министерот Ханс-Петер Фридрих поради аферата Едати од СПД, осомничен за педофилија, шефот на СПД, Габриел, не гледа вина кај себе и своите сопартијци. ЦСУ бара „паѓање“ глави и кај коалицискиот партнер.

Шефот на Социјалдемократската партија Зигмар Габриел исклучи персонални консеквенци во својата партија поради аферата со поранешниот пратеник на СПД во Бундестагот, Себастијан Едати, против кого се води истрага во врска со поседување детска порнографија. Габриел тврди - ниту тој, ниту министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер или шефот на пратеничката група Томас Оперман не извршиле натамошно ширење на доверливите информации околу водењето истрага против Себастијан Едати, добиени од Ханс-Петер Фридрих, поранешниот министер за внатрешни работи во претходниот кабинет на канцеларката Ангела Меркел.

Габриел жали за оставката на Фридрих: „Господин Фридрих сакаше да пресретне поголеми штети. Господин Едати во тоа време беше ценет политичар. Може денес само да се претпостави што би се случило ако во тоа време, кога беа во тек преговорите околку формирањето влада, тој добиеше висока функција, ако господин Фридрих ја задржел за себе информацијата за осомниченоста на Себастијан Едати“.

Но, Габриел истакнува- Фридрих плати ѓаволски висока цена за тоа што успеа да спречи таков случај.

Аферата Едати и оставката на Фридрих, според Габриел, не ја оптоваруваат трајно работата на владејачката коалиција.

Hans-Peter Friedrich gibt seinen Rücktritt bekannt

Дали ќе остане на оставката на Фридрих?

Лидерот на Христијанско-социјалната унија, Хорст Зехофер, на коалицискиот партнер, СПД, му префрли пак за противречно однесување во аферата Едати.

„Се поставуваат многу прашања за СПД и противречниите постапки. Тука постои итна потреба од разјаснување, посебно во врска со шефот на пратеничката група, Томас Оперман“.

Случајот Едати и спорното ширење на информациите ќе биде тема в среда на Анкетната комисија за внатрешни работи во Бундестагот. Притоа треба да биде расветлена и улогата на директорот на Службата за борба против криминалот, Јерг Цирке. Томас Оперман телефонски го повикал Цирке со цел да ги провери доверливите информации во врска со Едати, добиени од министерот Ханс-Петер Фридрих.

Министерот за земјоделство Ханс-Петер Фридрих ја напушти функцијата поради обвинувањата дека ја злоупотребил својата позиција во периодот додека раководеше со Министерството за внатрешни работи во владата на канцеларката Ангела Меркел. Тој е втората „жртва“ во скандалот во кој всушност главна мета беше експратеникот на социјалдемократите во Бундестагот, Себастијан Едати. 44-годишниот Едати поднесе оставка на пратеничката функција минатата недела, откако беше откриено дека бил осомничен за педофилија.

Во случајот со политичарот од СПД Себастијан Едати државното обвинителство во Хановер за првпат потврди дека води истрага против поранешниот пратеник на Бундестагот Едати поради сомневање за поседување на детска порнографија. Раководителот на обвинителството Јерг Фрелих во Хановер рече дека Едати, според сознанијата на неговата институција, меѓу октомври 2005 година и јуни 2010 година девет пати во онлјан-шоп на едно канадско претпријатие нарачал вкупно 31 филмови и фотосетови од необлечени момчиња меѓу девет и 14 години. Притоа станувало збор за материјал на граница на казниво дело.

Обвинителството во Хановер донело одлука да отвори истрага, бидејќи како и голем број други германски државни обвинителства поаѓа од гледиштето дека оној кој нарачува порнографски материјал, кој е на границата на детска порнографија, постапува конспиративно и тоа го прави кај фирма во странство, па би можел да поседува и материјал кој во Германија подлежи на казна.

Надлежните се сомневаат дека Едати дознал предвреме за сомнежот за детска порнографија. Исто така не можела да се исклучи можноста дека бил уништен доказен материјал или биле отстранети компјутери.