1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Во Софија ќе се водат разговори за нова влада

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев најави дека ќе почне разговори со партиите кои освоија места во парламентот за формирање на нова влада во Софија.

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, по парламентарните избори што се одржаа минатиот викенд, најави дека има намера да започне разговори со четирите партии застапени во новиот законодавен дом за формирање на влада.

Претседател Плевнелиев изјави дека по разговорите планирани за в петок ќе објави кога ќе биде свикан новиот парламентот, и најави дека тоа треба да се реализира до крајот на месецов.

Централната изборна комисија денеска објави дека централно-десничарската партија ГЕРБ освои 30,5 отсто од гласовите, додека социјалистите 26,6 проценти. Другите две партии кои влегоа во бугарскиот парламент се партијата на турското малцинство Движење за права и слободи (ДПС) со 11,3 проценти од гласовите и националистичката партија Атака со 7,3 проценти.

Шест години по влезот на Бугарија во Европската унија, оваа балканска држава е една од најсиромашните членки на Унијата. Во земјата неодамна се одржаа жестоки протести против сиромаштија, високите цени на струјата и комуналните услуги и корупцијата.