1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Во Скопје запленети три бугарски камиони со оружје

Македонската полиција синоќа заплени три камиони со бугарски таблички и лажна документација, кои превезувале лесно пешадиско оружје надвор од Скопје. Владини претставници за денеска најавија реакција на инцидентот.

default

Доцна синоќа македонската полиција стопирала три камиони полни со оружје и со лажна документација. Товарот со пиштоли, автоматски пушки и пушкомитралези бил превезуван со камиони што имале бугарски таблички и биле управувани од бугарски возачи. Тие се задржани на испитување во скопската полициска станица за да се утврди како излегле на автопатот надвор од Скопје, иако наводно армиското оружје требало да се ремонтира во скопската фабрика Металски Завод Тито. Нејзините погони, во чиј дел се и фабриката за ремонт на лесно и тешко вооружување, се наоѓаат на периферијата од Скопје, а бугарските камиони се движеле надвор од градот, во правец на излез од државата.

Министерството за одбрана уште синоќа почнало истрага – каде и дали трите бугарски камиони го носеле македонското оружје на ремонт, како се движеле со опасен товар без соодветна полициска придружба и зошто имале лажна документација. Полицијата го потврди случајот, а во Министерството за одбрана велат дека ќе има координација со Министерството за внатрешни работи, иако не се соопштува од кои скопски касарни е изнесено оружјето и дали е сопственост на македонската армија. Претставници на владата за денеска најавија први реакции за овој инцидент. Полициските специјалци го обезбедуваат товарот во трите камиони запленети со пешадиско вооружување.

Познато е дека македонската армија од Бугарија, кон средината на деведесетите години доби 150 тенкови, што потоа, на почетокот на овој век, мораше да ги отуѓи или стопи како старо железо, зашто не беа по стандардите на НАТО. Фабричките погони на Металскиот Завод Тито, каде наводно требало да се репарира синоќа запленетото оружје порано беа воен комплекс што за потребите на екс југословенската армија произведуваат оружје или делови од тенковите.