1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Во сенка на должничката криза, Кипар избира нов претседател

Пред почетокот на должничката криза островот беше туристички магнет и банкарски центар кој доживува бум. Сега Кипар е пред банкрот. Идниот претседател ќе има тежок мандат.

Бројките не навестуваат ништо добро на крајниот југоисток на Европа: 15 проценти невработеност, највисока по поделбата на Кипар во 1974 година. Квотата на задолженост изнесува 85 проценти од БДП, додека пред само пет години таа изнесуваше 50 проценти.

Professor Andreas Theophanus

Професор Андреас Теофанос

Андреас Теофанос е претседател на Центарот за европски студии и меѓународен развој на универзитетот во Никозија. Според него испреплетеноста на кипарскиот банкарски сектор со грчкото стопанство е еден од најважните фактори за брзиот пад. Имено, со оглед на тоа што кипарските банки поседуваа грчки државни обврзници, со бришењето на долговите загубија 4,5 милијарди евра. Втората причина за проблемите во кои западна земјата се високите државни давачки, вели Теофанос: „Расходите на државата во меѓувреме изнесуваат речиси половина од БДП. А, тоа е опасно“.

Граѓаните на Кипар се разбира ќе ги понесат сегашните реформи, оптимист е Теофанос. Но, наместо строга програма за штедење како во Грција, професорот од универзитетот во Никозија предлага поумерено темпо за неопходните реформи во јавниот сектор: „Ако една земја се наоѓа во економска криза и се спроведе еден таков пакет за штедење, кризата ќе порасне“.

Притоа конјунктурата во Кипар токму сега би морала да бележи нагорен тренд, вели Теофанос. Услужните дејности сочинуваат 80 проценти од стопанството: од една страна е туризмот, на кого му е потребана модернизација, како што сметаат експертите. Од друга страна е банкарскиот сектор. Во минатото се водеа бизниси со арапскиот свет. Веќе две децении меѓутоа ниските даночни стапки привлекуваат пред се’ многу Руси на островот. Кипар и Русија веќе подолго време одржуваат тесни врски на политичко, културни и релуигиозно ниво. Малиот остров се смета и за место каде богатите Руси можат да „перат пари“. „Дека на Кипар се перат пари, посебно руски, е познато најмалу 20 години“, вели историчарот Хајнц Рихтер и го поставува прашањето зошто ЕУ оваа праска дури сега ја забележа.

Zypern griechische Bank in Nikosia

Кипарските банки се во криза

Критиката и од Брисел е гласна: Кипарските банки да се стабилизираат со пари, значи да се спасат институти, кои споредуваат перење пари од руските црни конта, Андреас Теофанос смета меѓутоа дека дискусијата за перење пари е претерана. На друго место имало поголеми проблеми и не постоела намера за перење пари на Кипар. Ова мислење го делат и други на Кипар. Меѓу нив и воски по ранг политичари, како на пример актуелниот министер за финансии Васос Шиарли. Тој вропчем работеше за финансискиот институт Bank of Cyprus, кој сега се соочува со потешкотии, и ги релативира финансиските трансакции на Русите на Кипар.

Новиот претседател пред тешка задача

При економското опоравување новиот претседател ќе мора да игра значајна улога. Денеска граѓаните на Кипар се повикани да изберат нов претседател. Според анкетите Никос Анастасиадис, лидер на главната опозициска партија Демократски збор (ДИСИ), има најголеми шанси за победа, но најверојатно во вториот круг гласање.

Вториот претендент на претседателската функција е кандидатот на левите сили Ставрос Малас. Тој учествува како независен кандидат, но ја има поддршката на Прогресивната партија на работниот народ на Кипар (АКЕЛ), наследничка на комунистичката партија. Третиот во претседателскиот натпревар е Јоргос Лиликас, независен кандидат, кој ја има поддршката на Движењето на социјалдемократите (ЕДЕК).

Се очекува на денешните избори да излезат над половина милион Кипарци (545.000) кои ќе го изберат новиот шеф на државата со петгодишен мандат. Во случај да нема победник, на 24 февруари ќе има втор круг.