1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Во секој момент е можен воен конфликт на Балканот“

Познатиот германски историчар Ханс-Улрих Велер смета дека и по сто години од избувнувањето на Првата светска војна, можен е воен конфликт на Балканот. Тој смета дека Првата светска војна можела да биде избегната.

default

Реномираниот германски историчар Ханс-Улрих Велер смета дека на Балкан се‘уште постои конфликтен потенцијал.

„Јас сум суперскептичен во поглед на Србија и на Косово. Србите играа лоша улога пред Првата светска војна. Тие оставија зад себе целосно руинирана државна творба. Заканата за непризнавање на Косово се движи постојано, за влакно, на самиот раб на конфликт. Верувам дека Србија во секое време преку тајните милиции ги поддржува Србите во Косово и во Босна и Херцеговина“, изјави Велер за денешното саботно издание на весникот „Вестфален блат“ од Билефелд.

„Тоа се само претпоставки, но при иден конфликт Европа не смее да чека на човек како своевремно Бил Клинтон, туку мора самата брзо воено да интервенира“, смета реномираниот историчар.

Според него, Првата светска војна можела дабиде избегната ако големите сили подобро се разбереле меѓусебно за време на Јулската криза во 1914. година.

„Тогашниот рајхсканцелар Теобалд фон Бетман Холвег на пример требало да го контактира британскиот министер за надворешни работи Едвард Греј, за да потсети на заедничкото посредување при двете Балкански војни“, уверен е Велер, зашто убиството на австрискиот престолонаследник не било никаква причина за војна меѓу големите сили. Освен тоа, царот Вилхелм Втори требало да му предложи на рускиот цар спогодба за да го одврати од делумна мобилизација.

„До последните денови за време на Јулската криза 1914. година, фазата непосредно пред избивањето на конфликтот, состојбата не била толку заострена за војната да не може да биде избегната. Тоа е најстрашното“, вели Велер.

Ханс-Улрих Велер е автор на петтомната Историја на германското општество, има бројни почесни докторски титули и е добитник на највисоки германски признанија како Крстот за заслуги од прв ред на Германија.