1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во светот „врие“ од фалсификати

Експертите проценуваат дека 40-60 проценти од уметничките дела не се оригинални. Се фалсификува се‘-слики, скулптури, антички мебел и вреден порцелан. Ништо што има вредност не е поштедено од фалсификување.

default

Експертите често се на мака да ја утврдат оригиналноста на едно дело

Во светот на уметноста постојат многу фалсификати. Сите би сакале да дојдат до вредно уметничко дело. Парите не се спорни, некои ги имаат доволно. Но, паралелно со растот на пазарот на уметнички дела, расте и пазарот со фалсификати.

Дури и искусното око може да се излаже

Во посета сме кај Петра Брајденштајн во Берлин. Не‘ интересира нејзиниот детективски инстинкт. „Осомничен“ во случајов е едно старо дело-масло на платно. Дали е оригинал или фалсификат?

„Кога цвета пазарот со уметнички дела, зашто многумина вложуваат токму во уметноста, тогаш тоа значи дека цвета и пазарот со фалсификати“, вели Петра Брајденштајн.

И навистина-пазарот на уметнички дела е во подем како никогаш порано. Цените растат, и до 100 милиони евра за едно единствено уметничко дело. На рекордите им нема крај. Дали тоа значи постоење и на се‘ повеќе фалсификати?

Köln Malerei Falsifikate Skandale Fälschungen Kunstskandal NO FLASH

Фалсификувано дело на уметникот Кис ван Донген, во Келн се води судски процес

Петра Брајденштајн е многу ценет стручњак, на експертиза кај неа слики носат и приватни лица и музеи. Пресудно е, како што вели, нејзиното истренирано око:

„Погледот врз предната страна, но и врз заднината, зашто и таа многу зборува. Важна е структурата на платното, постоење налепници, движењата на четката, како е поставен потписот, на врвот или на дното“...

Пукнатините на сликата говорат за староста и потеклото на сликата, нивното фалсификување е тешко. Во нашиот случај, се чини дека сликата е оригинал. Петра Брајдештајн признава дека често се соочува со своите граници:

„Иако имам долгогодишно искуство, фалсификатот може да биде толку добар да го излаже дури и стручњакот. Тоа е причина поради која технолошките и научните испитувања имаат толку голема улога“.

Петра Брајденштајн ни го препорачува угледниот институт Дернер во Минхен. Таму постои научна лабораторија и е единствено место во Германија каде се разоткриваат фалсификати.

Стручњак за откривање фалсификувани слики

Во институтот во Минхен ја среќаваме Хајке Штеге, стручњак за пигменти. Еден од нејзините главни инструменти е рентгенот-многу често таа на платното открива стара слика под новата:

„Кај фалсификатите често наоѓаме остатоци од стара слика, кои воопшто не се или се само делумно отстранети. Кај фалсификаторите често наоѓаме траги на стружење на старата боја“.

Symbolbild Kunstfälschung

Често светот одново го потресуваат големи скандали со фалсификувани уметнички дела. Најпознат случај-„Човекот со златен шлем“. Со помош на рентген е откриено дека сликата го нема типичниот Рембрантов цртеж, значи дека е-фалсификат.

Но, често и рентгенот не е доволен. Хајке Штеге тогаш со скалпел зема примероци од бојата, зашто тие често припаѓаат на одреден уметник или одредено време. Штеге ги прикажува занимливостите-институтот Дернер со децении собира стари и нови бои, секогаш се потребни споредби.

Потоа следи скенирање со електронски микроскоп, последен чекор во проверката. Тој пружа пресек врз слоевите бои. На мониторот се покажува јасно видливо-сино-зелената маслена боја, помеѓу е циноберот. Ако се покаже пигмент кој не постоел во тој временски период, значи сликата е фалсификат.

Стручњаците велат дека сме опкружени со лажни уметнички дела-во музеите, галериите или на аукциите. Често поминуваат векови додека да се утврди дека на некој ѕид виси фалсификат.

Автор: Андреа Хорак/ Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски