1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Во санацијата на Ербас 10 илјади луѓе ќе останат без работа

Сепак, прв впечаток е дека мерките за санација на европскиот производител на авиони и не се толку тешки, колку што се страхуваше

default

Подробности од програмата за санација беа објавени синоќа во Тулуз. Половина од 10-те илјади места што ќе бидат укинати се однесуваат на договори за вработување на одредено време, ниеден од редовно вработените нема да ја загуби работата. Тоа е најважната порака што ја објави шефот на Ербас Луј Галуа.

Во врска со кризата на претпријатието, тој нагласи: “Во медиумите постојано слушам дека нашата програма за штедење ’Сила 8‘ ја правиме поради големоволуменскиот авион А 380. Не, факт е дека имаме проблем со слабоста на доларот. Од планирањето на А 380 конкурентноста на Ербас опадна за 20 проценти само поради паѓањето на курсот на доларот”.

Шансите и товарите од санационата програма ќе бидат фер поделени меѓу четирите земји кои учествуваат во производството на Ербас-авиони. 3700 места ќе бидат укинати во Германија – значително помалку, отколку што се страхуваше, 4300 ќе бидат избришани во Франција, при што илјада само во централата во Тулуз. Во Велика Британија на удар се 1600, а во Франција 400 работни места.

Ова треба да уследи преку продажба на фабриките. За 3 фабрики, всушност, се бара партнер за учество во инвестициите во нова техника, а три ќе бидат целосно отуѓени – од нив две во Германија и една во Франција. “Ќе се погрижиме тие фабрики да бидат коректно управувани. Тие можат да бидат преземени од сегашниот менаџмент или да бидат здружени со другите што им се во близина” – нагласи Галуа.

Промени сепак ќе има и во фабриките што не се директно погодени од санационите мерки. Хамбург во иднина треба засилено да се концентрира врз авиони од класата на А 320 за кратки и средни патеки, а Франција врз авиони за долги релации. Завршната монтажа на големиот А 380 треба да се одвива во обете земји.