1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во САД секој има право да поседува оружје

Правото на носење оружје во САД е регулирано со уставот и е многу контроверзно.

default

Во второто дополнување на уставот, татковците на САД во 18 век определиле дека "за безбедноста на слободната држава е потребна организирана милиција и правото на народот да поседува и носи оружје не смее да се укине.”

На ваквата формулација се повикуваат застапниците на ставот за либерално право за носење оружје во САД. Тие поаѓаат од тоа дека секој има право да поседува оружје. Ваквата интерпретација е потврдена и од страна на Врховниот суд.

Но, преку законите сепак е регулирано кој треба да се изземе од ваквото право, како криминалци кои добиле казна затвор подолга од една година, зависници од дрога, психички болни лица и сите помлади од 18 години. На возраст до 21 година смее да се продава само оружје како што се сачмарките.

Законот за оружје во сојузната држава Вирџинија, во која што се случи масакрот, е еден од најлибералните во САД. На пример, отворено можат да се носат пиштоли кои имаат до дваесет куршуми. Тоа значи дека оружје смее да се носи. Правилото не е недвосмислено, зашто пиштолот може да се носи под јакна. Дозволено е и поседување автоматски пиштоли, кои меѓутоа, мора да бидат регистрирани во полиција. За другите видови оружје тоа не важи. За разлика од другите сојузни држави, во Вирџинија нема ограничување на бројот на парчиња оружје кои можат да се купат месечно. Според полициски сознанија, од Вирџинија кон Њујорк постои еден вид шверцерски канал, зашто во Њујорк правилата за оружје се построги.